1-Мојот маж е доста доследен во покорноста кон Алах. На тој план подеднакво води грижи и за формата и за суштината, и не само од еден сегмент, како што е случај со повеќето луѓе кои вниманието го насочуваат на само еден од овие сегменти, додека другите ги запоставуваат. Мојот маж не ги следи шпекулациите во врска со Аллаховите наредби и забрани. Неговиот слоган е - Нема покорност на суштеството во грешењето кон Создателот.
2-Тој е со убав и благороден морал, нежен, учтив, пријатен и едноставен. Неговите зборови се пријатни и привлечни. Не знае за пцовки, навреди, вулгарни изрази и намуртено лице.
3-Aжурен е во потрагата по шеријатско знаење, а исто така и мене ме учи на тоа знаење, потикнува и ми дава волја за негово стекнување. Тој сака мелеците да упатуваат дова за мене и за него (заради барањето на знаење).
4-Тој е убав пример за другите луѓе. Неговите зборови се во согласност со неговите дела, и делата со зборовите. Се обидува што повеќе да ги практикува сите видови на ибадет.
5-Тој знае како треба да се однесува со својата жена и како да го придобие нејзиното срце. Со многу вештина, љубов и сочувство, тој ги исполнува сите обврски кон својата сопруга.
6-Не се поклонува на уживањата од овој свет, бидејќи постојано е зафатен со идниот свет. Во исто време, не го заборава својот удел во овој свет во работите кои што Аллах му ги дозволил. Неговото мото е: „Снабдувањето на твојот Господар е подобро и вечно''или „Она што е кај Аллах е подобаро, и засекогаш''.
7-Свесен е за прописите за одгој на децата и практично ги применува. Покрај тоа, и мене ме учи како да ги воспитувам нашите деца. Тој никогаш не заборава на своите деца и редовно им посветува дел од своето време.
8-Постојано ме потсетува на заминувањето од овој свет, да поради него не би му се радувала премногу ниту му придавала премногу внимание. Исто така тој ме потсетува на кабурот, за да бидам подготвена за него. Богобојазлив е, и чист. Скромен во поглед на овој свет и никогаш не е невнимателен кон Аллах. Неговиот јазик е постојано влажен од спомнувањето и пофалбите на Аллах, субханеху ве тe'aлa.
9-Ја знае вредноста на времето и неговата важност.
10-Мојот маж е полн со топли емоции, љубов и милост. Пријатен во однесување и говор, и далеку е од грубост. Неговите усни постојано повторуваат прекрасни изрази на љубов и ласкања, кое што секогаш ме расположуваат кога ќе ги слушнам и да ја зголемуваат мојата љубов кон него.
11-Се грижи за својот изглед, хигиена, пријатен и убав мирис следејќи го во тоа Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем.
12-Никогаш не заборава да и се заблагодари на својата сопруга на нејзиниот служење, подигање на децата и работите дома, бидејќи тоа ми дава сила и ентузијазам, така што никогаш не чувствувам здодевност и тромост.
13-Ги одржува семејните врски, особено со семејството на својата сопруга, што за мене претставува посебно задоволство.
14-Разумен е, и мудар, смирен и умерен, и не е лекомислен, импулсивен или нервозен. Способен сам да ги решава проблемите во рамките на домот. Ако нешто од проблемите стане премногу комплицирано, се обраќа на познајните и побогобојазни луѓе кои се способни и подготвени да помогнат.
15-Побожен е, прави многу зикр, пости и клања ноќен намаз. Неговата појава зрачи со благодат и мир. Во него постојано гори желбата за зголемување на својата покорност и правењето на уште повеќе доброволни дела.
16-Верник е, вистински борец и многу трпелив. Задоволен со одредбата на Аллах и никогаш не се лути поради неа. Доволна му е снабденоста која што Аллах му ја пропишал. Единствено за што копнее е вечното уживање кај Аллах во Џенетот.
17-Вистински и умерен носител на дa'вет: наредува добро, и одвраќа од зло, и во тоа се чува далеку од крајности. Во дa'ветот практикува правилна и призната насока со умерено однесување и дела кои не се контрадикторни со шеријатот. Неговото повикување се заснова на Куран и Суннет, а не на желбите, валканост и фанатизам.
Те молиме, наш Возвишен Господару, да нè направиш од овие Твои робови.