Ehli.Sunnet.Sisters

Ehli.Sunnet.Sisters

Хуманитарност, Повикување во вистината, Учење Куран...
 
HomehumanitarnostCalendarGalleryKako koristiti ovaj Forum?TražiLista članovaGrupe korisnikaRegistracijaLogin
********HUMANITARNOST*******POVIKUVANJE VO VISTINATA******UCENJE KUR,AN******HUMANITARNOST******POZIVANJE U ISTINI******UCENJE KUR,AN******

Share | 
 

 МЕСЕЦОТ РЕЏЕБ И БЕРЕКЕТОТ ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Vidi prethodnu temu Vidi sljedeću temu Go down 
AutorPoruka
Ehli_Sunna_Sister
Admin
avatar

Број на мислења : 136
Points : 388
Reputation : 2
Join date : 2010-05-24

KomentarNaslov komentara: МЕСЕЦОТ РЕЏЕБ И БЕРЕКЕТОТ ВО НАШИОТ ЖИВОТ    Sun Jun 27, 2010 4:19 pm

МЕСЕЦОТ РЕЏЕБ И БЕРЕКЕТОТ ВО НАШИОТ ЖИВОТ




МЕСЕЦОТ РЕЏЕБ И БЕРЕКЕТОТ ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Возвишениот Аллах џ.ш. ги одликувал некои месеци над други месеци , некои ноќи над други ноќи, некои денови на други денови. Така Аллах џ.ш. ги избрал четири свети месеци над другите месеци, а месецот Рамазан над сите месеци. Пред нас се наоѓаат месецот Реџеб и месецот Ша’бан, како месеци за предподготовка за доаѓање на Рамазани-шериф.

Месецот Реџеб е еден од четирите свети месеци како што ги нарекува Аллах во Кур’анот (Минха ербеатун хурум) „Од нив четири се свети, па немојте да ја рушите нивната светост..“ (Тевбе, 36)

Реџеб е месец со кој треба да ги започнеме подготовките за Рамазан. Овој е месец на постење, какошто му рекол Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. на еден асхаб: „Пости во светите месеци и мрси во нив!“ (Ахмед, Несаи)

Како што гледаме од овој хадис, Пратеникот а.с. забранува човекот да претерува во постење, награда ќе постигнеме ако постиме секој месец барем по три дена.

Особено треба да бидеме свесни во понеделник и четврток, денови кога делата се изнесуваат пред Аллах џ.ш., па пожелно е да бидеме постачи во тие денови.
А најдобра дова која ќе ја правиме во месец реџеб, за које се пренсува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. ја препорачувал, се зборовите на момчињата од пештерата (Асхабул-кехф)

رَبَّنَآ آتِنَا مِن لَّدُنكَ رَحْمَةً وَهَيىءْ لَنَا مِنْ أَمْرِنَا رَشَداً




Раббена атина мин ледунке рахметен ве хеји лена мин емрина решеда „Господару наш, подари ни милост и пружи ни во нашите работи упатсво, присебност!“ (Кехф, 10)

Пренесува Енес ибн Малик р.а дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. кога ќе настапел месецот Реџеб би ја учел следнава дова: „Аллахумме барик лена фи реџеб бе ша’бан ве беллигна рамадан (Аллаху мој, подари ни берекет /благослов/ во месеците Реџеб и Ша’бан и овозможи ни да дочекаме Рамазан.“ (Бејхеки, Ибн Асакир)

Денес, во овој мубарек ден сакаме да позборуваме малку и за берекетот во нашиот живот, бидејќи во горниот хадис се напоменува /Аллаху наш, подари ни берекет, благослов во мсецеот Реџеб и Ша’бан/ Што е тоа берекет? Како да постигнеме берекет во нашиот живот? Имено берекетот во арапскиот јазик значи: благослов, благодет, бериќет, небески дар, благосостојба, среќа. Тоа се е берекет. А најдообра дефиниција е „изобилие во скромност“. Тоа значи човекот да чувствува среќа, задоволство и уживање. Човек и жена може да имаат скромна куќа, скромни животни средства за живот и сепак се среќни и оптимисти во животот, од друга страна, имаме луѓе кои живеат во палати, во раскош, богатство а сепак се несреќни и депресивни. Значи берекетот е многу важен во нашиот живот, тоа се огледа и во нашите секојдневни изреки „подобро помалку ама берекетлија да биде отколку многу а без берекет“ Што всушност значат овие зборови? Берекет во деца значи нивна послушност кон тебе, берекет во пари значи нивно користење во добри цели иако се малку, берекет во живот значи живот исполнет со радост, среќа и благосостојба, берекет во знаење значи понизност и спроведување на истото во пракса. Имаме слушано од многу наши браќа како раскажуваат дека многу работат, многу заработуваат ама парите некаде како да им бегаат, не им го чувствуваат хајрот.
Сите овие констатации јасно нē поттикнуваат на фактот дека треба сериозно да размислиме како да постигнеме берекет во нашиот живот. А тоа значи среќа и благосостојба.

Еве јас ќе ви ги презентирам неколку работи кои, ако цврсто и практично ги спроведеме во нашиот живот, ќе постигнеме вистински берекет во нашиот живот:

1- Учење на Кур’ан,

Возвишениот Аллах за Кур’анот вели:

وَهَـٰذَا كِتَابٌ أَنزَلْنَاهُ مُبَارَكٌ




„А оваа Книга, која ја објавуваме, е благословена (мубарек).“ (Ел-Ен’ам, 92)
Тоа значи дека оној што ќе ја чита и ги следи нејзините упатства, ќе најде мир и спокој во душата и животот. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Онаа куќа во која се учи Кур’анот се населуваат мелеките, а бегаат шејтаните, куќата постанува пространа со нејзините членови и ќе биде исполнета со добро.“
Затоа, Кур’анот треба да го учиме, слушаме и работиме по него. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Навистина, Аллах ги сака три гласа: гласот на учачот на Кур’анот, гласот на петелот, и гласот на оној кој се моли пред зора.“
2 - Иман / верување во Аллах и богобојазливост;

Во врска со ова Возвишениот Аллах вели:

ولو أن أهل القرى آمنوا واتقوا لفتحنا عليهم بركات من السماء والأرض




„Ако жителите на селата и градовите веруваат и ги избегнуваат гревовите, Ние ќе им спуштиме благослови од небото и Земјата.“ (Ел-’Араф, 66)

Тоа значи дека секој кој верува и ги избегнува гревовите ќе биде опсипан со Аллаховите благодети и ќе биде благословен.

3 - Изговарање на зборовите Бисмиллахир Рахманир рахир (Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосен)
Овие се зборови со кои почнува секое куранско поглавје, овие се зборови со кои човекот треба да ја започне секоја позитивна работа, дури и пред интимниот однос. Од адабите на интимниот однос спаѓа мажот да учи дова која ја пренесуваат Бухари и Муслим:

(Бисмиллахи, Аллахумме џеннибнеш-шејтане ве џеннибиш-шејтане ма резактена)

„Ви име на Аллах, Господару мој, отстрани го шејтанот од нас и отстрани го шејтанот од она што се зачне, па ако од тој однос се роди дете, шејтанот не ќе може никогаш да му наштети.“
Од адабите на интимниот однос, аналогно на ова предание, би требало и жената да ја учи спомената дова.
Исто така, Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Кога човекот ќе влезе во својата куќа и го спомне на Аллаха при влегување и при почеток на јадење, шејтаните ќе им речат на другите: ‘Вечерва за вас нема престој ниту вечера во оваа куќа’.“

4 - Собирање на заедничка софра при јадење;

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Јадете заедно и немојте да се делите бидејќи благословот /берекетот/ е во заедницата.“

5 - Халал богатство;

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Аллах е добар и прима само добро.“ Затоа Исламот ги забранува и спречува сите патишта кои водата кон харам и поставил верско начело кое претставува универзална формула која ќе ги опфаќа сите идентични забрани и ќе им дава ист третман од верска гледна точка, тоа гласи (Се што води кон харам се смета за харам) Исламот како последна Божја порака, поставил рамнотежа помеѓу забраните и допуштените нешта, затоа секоја забрана повлекува зад себе казна, истовремено и секоја заработка на дозволен начин по пат на личен труд се смета во Ислам за една категорија на (Џихад) за која се наградува човекот.

Мухаммед с.а.в.с. рекол: "Кој заноќи уморен од работа со цел за издржување на својата фамилија заноќил опростен од гревови." Без оглед на тоа каде се наоѓа харамот, тој предизвикува божји гнев и ги уништува добрите дела и ја расипува верата. Мухаммед с.а.в.с. рекол: "Кој купи облека од десет дирхеми, а еден од нив биде стекнат по пат на харам, нема Аллах да му го прими намазот се додека облеката е на него."

Поаѓајќи од фактот дека работата во Исламот е третирана како Фарз строга обврска врз основа на хадисот на Мухаммед с.а.в.с.: "Барање на халал е строга верска обврска за секој муслиман." (Дејлеми)
Додека од друга страна секој вид на забранета трговија како трговија по пат на камата се смета за харам. Каматата води кон пропаст. Аллах џ.ш. вели: „Аллах ја поништува каматата.“ (Ел-Бекаре, 276) т.е. го поништува нејзиниот берекет и халал, а како резултат на тоа е пропаст… Аллаховиот Пејгамбер а.с. рекол: „Каматата иако навидум го зголемува богатството, таа сепак води кон негово намалување.“ (Хаким-сахих) Како што камата го прави човекот понижен, одвратен во кругот на неговите пријатели, исто така таквиот човек ќе биде мета на крадците и насилниците.

6 - Делење на садака,

Садаката е важен ибадет во животот на верникот, таа спречува од несреќи и искушенија, го оддалечува верникот од Аллаховиот гнев. Затоа Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: “Секој муслиман е должен да подели садака.”
Некој прашал:“Што ако нема?” Одговорил: „Ќе заработува со свои раце и така ќе си користи за себе и ќе дава садака.” Некој прашал: “А што ако не е во можност?” Одговорил: “Ќе му помогне на оној кој е во неволја.” Некој праша: „А што ако не е во можност?” Одговорил: „Да наредува добро и корисно.” Некој праша: “А што ако тоа не го направи?” Одговорил:“Да се чува од зло, зашто и ова е садака.”
Возвишениот Аллах џ.ш. ветува дека со садаката ќе го зголеми и надполни богатството на муслиманот: “И се она што ќе го поделите Аллах, секако, ќе го надополни!” (Себе, 39)

7 - Оддржување на роднинските врски;

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: Поврзување на роднинските врски, убавото однесување и убавиот однос кон комшиите ги градат домовите и го продолжуваат животниот век.“

8 - Рано станување;

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Мојот уммет е благословен во раните утрински часови.“ Многу научници и бизнисмени и други успешни луѓе сметаат дека една од главните причини заради која станале успешни и токму што своите работи ги започнувале рано наутро. Тоа време е благословено за секоја хајирли работа.

9 - Брак и женидба;

Стапување во брак на младенците им донесува Аллахов берекет и благослов. Возвишениот Аллах џ.ш. вели: „Ако се сиромашни, Аллах од Своето изобилие ќе им подари.“ (Ен-Нур, 32) Додека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Барајте нафака во стапување во брачна заедница.“
Особено треба да се внимава во избирање на брачниот придружник. Некој човек го прашал на Хасан ел Басри: „О имаме, јас имам ќерка за кого да ја омажам? Му одговорил: „Омажи ја за побожен, богобојазлив; кој ако ја држи во брак ќе ја почестува и почитува, а ако ја разведе нема да и нанесе неправда.“

10 - Намаз и молење на опрост за сопствените гревови;

Намазот е најголем ибадет преку кој се постигнува берекет во животот, тој го организира нашето време и постојано не потсетува на Аллаховото присуство. Аллах џ.ш. вели: „Нареди им на своите деца да клањаат намаз и биди истраен во тоа... Ние ќе те храниме (дадеме ризк).“ (Таха, 132)
Додека за истигфар, Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Оној што постојано прави истигфар Аллах од секоја несреќа ќе му пронајде излез, од секоја грижа ќе му најде решение и ќе го опскрби од каде што не се надева.“


Аллаху наш, подари ни берекет во нашите животи, во нашите жени и деца, во нашето знаење и благослови нē на овој и оној свет! Амин

_________________
INNEL LEDHINE KEFERU SAWAA UN'ALEJHIM E'EN'DHERTEHUM EM'LEMTUM DHIRHUM LA JU'MINUN HATAMALLAHU ALA KULUBIHIM WE ALAA S'EMIHIM WE ALAA ABSARIHIM GISAWAH WELEHUM ADHABUN ADHIMM.
Na vrh Go down
Vidi profil korisnika
 
МЕСЕЦОТ РЕЏЕБ И БЕРЕКЕТОТ ВО НАШИОТ ЖИВОТ
Vidi prethodnu temu Vidi sljedeću temu Na vrh 
Stranica 1/1

Permissions in this forum:Ne možete odgovoriti na teme ili komentare u ovom forumu
Ehli.Sunnet.Sisters :: MAKEDONSKI JAZIK :: МЕСЕЦОТ РЕЏЕБ И БЕРЕКЕТОТ ВО НАШИОТ ЖИВОТ-
Idi na: