Ehli.Sunnet.Sisters

Ehli.Sunnet.Sisters

Хуманитарност, Повикување во вистината, Учење Куран...
 
HomehumanitarnostCalendarGalleryKako koristiti ovaj Forum?TražiLista članovaGrupe korisnikaRegistracijaLogin
********HUMANITARNOST*******POVIKUVANJE VO VISTINATA******UCENJE KUR,AN******HUMANITARNOST******POZIVANJE U ISTINI******UCENJE KUR,AN******

Share | 
 

 ДОВАТА НА ЈУНУС (ЗЕН-НУН А.С.)

Vidi prethodnu temu Vidi sljedeću temu Go down 
AutorPoruka
Ehli_Sunna_Sister
Admin


Број на мислења : 136
Points : 388
Reputation : 2
Join date : 2010-05-24

KomentarNaslov komentara: ДОВАТА НА ЈУНУС (ЗЕН-НУН А.С.)   Sun Jun 27, 2010 4:27 pm



ДОВАТА НА ЈУНУС (ЗЕН-НУН А.С.)

فَنَادَىٰ فِي ٱلظُّلُمَاتِ أَن لاَّ إِلَـٰهَ إِلاَّ أَنتَ سُبْحَانَكَ إِنِّي كُنتُ مِنَ ٱلظَّالِمِينَ * فَٱسْتَجَبْنَا لَهُ وَنَجَّيْنَاهُ مِنَ ٱلْغَمِّ وَكَذٰلِكَ نُنجِـي ٱلْمُؤْمِنِينَ
„И повика во темница дека: Нема друг Бог освен Тебе, Славен биди Ти, јас навистина, се огрешив кон себеси. И ние му се озвавме и го избавивме од тешкотијата. И ете, така ние ги избавуваме верниците!“ (Ел-Енбија, 87-88)

Довата има посебно високо место во исламот. Таа претставува еден од најдобрите верски форми на робување на Аллах џ.ш. Човекот преку довата му се обраќа на Семожниот Аллах за да му подари добро, и да му отстрани некое зло. Преку довата се реализира врската меѓу Аллах и човекот. Таа е начин како човекот да се приближи до Возвишениот Аллах. Во куранскиот ајет стои: „А кога робовите Мои ќе те прашаат за Мене, Јас сум, сигурно, блиску: се озвивам на молбата на молителот кога ќе Ме замоли...“ (Ел-Бекаре, 186)

Во едно хадис се наведува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Довата е ибадет“.

Довата е важен ибадет за кој многу луѓе немарно му пристапуваат, иако живееме во многу напнато и бурно време каде обраќањето во Аллах џ.ш. е лек за душите и решение за проблемите и искушенијата. Евидентно е дека Кур’анот, покрај сé што се наведува во него, во себе содржи многубројни дови. Зборот дова (ар. дуã) во нашиот јазик има неколку значења: повик, довикување, повикување, молење, молба итн.
Во куранските дови спаѓаат и молбите кои ги упатувале Аллаховите пратеници како и луѓето кои се опишани вистински верници. Пример за тоа се следниве дови:

Довата на Адем а.с. и неговата сопруга кои после направениот грев се молеле за простување:
قَالاَ رَبَّنَا ظَلَمْنَآ أَنفُسَنَا وَإِن لَّمْ تَغْفِرْ لَنَا وَتَرْحَمْنَا لَنَكُونَنَّ مِنَ ٱلْخَاسِرِينَ
„Господару наш, ние самите себе сме нанесле неправда, и ако Ти не ни простиш и не ни се смилуваш, сигурно, ќе бидеме меѓу изгубените.“ (Ел-А’раф, 23)

Довата на Ибрахим а.с.:
رَبِّ ٱجْعَلْنِي مُقِيمَ ٱلصَّلاَةِ وَمِن ذُرِّيَتِي رَبَّنَا وَتَقَبَّلْ دُعَآءِ * رَبَّنَا ٱغْفِرْ لِي وَلِوَالِدَيَّ وَلِلْمُؤْمِنِينَ يَوْمَ يَقُومُ ٱلْحِسَابُ
„Господару мој, подади ни моќ јас и моето потомство да клањаме намаз; Господару наш, Ти услишај ја молбата моја! Господару наш, прости ми мене и на родителите мои, и на сите верници - на Денот кога ќе полагаме сметка!“ (Ибрахим, 40-41)

Довата на Зекирија а.с. кој во поодминати години го молел Творителот да му подари дете:

رَبِّ هَبْ لِي مِن لَّدُنْكَ ذُرِّيَّةً طَيِّبَةً إِنَّكَ سَمِيعُ ٱلدُّعَآءِ
„Господару мој, подари ми од кај Тебе чесно потомство, бидејќи, Ти , навситина, молбата ја примаш!“ (Али Имран, 38)

Постојат и многу други бројни дови, но ние овде посебно ќе се осврнеме на довата на Јунус а.с. кој беше почестен пратеник. Семоќниот Аллах одреди да биде пратеник кај народот на Нинава во Ирак, за да ги упати кон наредување на добро и да ги одврати од злото. Меѓутоа, откако неговиот народ одбил да го прими неговиот повик, тој налутен без Аллахово одобрение, заминал и го напуштил својот народ. Дошол покрај еден морски брег, се качил на некој брод и отпловил. Во морето настапила силна бура со дожд и ветер,
Потоа поради настанатата бура во морето, морал да биде фрлен во морето како причина за бурата, откако меѓусебно фрлале коцка и секојпат на него паѓала. самиот се фрлил и голем морски кит го проголтал. Кога се нашол во таква безизлезна ситуација, му се обратил на Семоќниот Аллах со познатата дова која се наведува во следниов хадис: Са’д ибн Малик р.а., вели: Го слушнав Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., како вели: „Сакате ли да ве упатам на највозвишното име на Аллах џ.ш., со кое име кога Тој ќе биде повикан ќе се одзвие, а, кога од Него нешто ќе се побара со тоа име, Тој тоа ќе им го даде. Тоа е довата со која се молел Јунус а.с., кога Го повикал од тројната темнина: „Ла илахе илла енте субханеке, инни кунту минез-залимин.“ (Нема Бог, освен Тебе, славен да си Ти, а јас, навистина, се огрешив спреме себеси!)

Тогаш некој човек праша: „О, Аллахов Пратениче, дали таа дова е посебна само за Јунус, или за сите верници, воопшто? Пратеникот а.с. му одговорил: „Па зарем не слушаш што вели Аллах понатаму: „Ние му се одзвавме и од маката го спасивме: ете така Ние ги спасуваме верниците.“ Потоа Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Кој било муслиман кога ќе го погоди некоја болест, и Го замоли на Аллах џ.ш., со овие зборови четириесет пати, па умре во таа болест, ќе му биде дадена награда на шехид, а ако оздраве, ќе оздраве, а Аллах џ.ш., веќе му ги простил сите негови гревови.“ (Хаким)

Од наведениот хадис се гледа колкава е вредноста од оваа кратка дова што ја учел Јунус а.с. кога го проголтала рибата (голем кит). Тоа се огледа и од следниов хадис: „Са’д ибн Ебу Веккас р.а. пренесува дека Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: ‘Довата на Зун-Нун која ја учел во стомакот на рибата:
„Ла илахе илла енте субханеке, инни кунту минез-залимин.“ е толку вредна што секој човек муслиман кога ќе замоли нешто, Аллах џ.ш., довата ќе му ја прими и ќе му се одзвие.“ (Хаким, 1863)

Возвишениот Аллах вака ја опишува причината за излезот и спасот на Јунус а.с. од стомакот на китот, па вели:

{فَلَوْلاَ أَنَّهُ كَانَ مِنَ ٱلْمُسَبّحِينَ * لَلَبِثَ فِى بَطْنِهِ إِلَىٰ يَوْمِ يُبْعَثُونَ }
„Ако не беше еден од оние кои го слават на Аллах, сигурно, би останал во нејзиниот стомак до Денот кога сите ќе бидат оживеани.“ (Саффат, 143)

Исламските класици околу овој ајет сметаат дека Возвишениот Аллах му се одзвал на Јунус а.с. бидејќи тој и кога бил во благосостојба Го молел на Аллах џ.ш., па затоа тој кога се помолил во мака и тешктија Аллах му ја примил молбата. Даххак вели: „Сетете се на Аллах во благосостојба, да се сети на вас кога ќе бидете во мака и тешкотија.“

Кур’анот го спомнува Јунуса а.с. на повеќе места, а едната од нив го носи називот „Јунус“. Во Кур`анот Јунус а.с. се нарекува и Зун-Нун, што може и често пати да се сретне во хадисите кои зборуваат за пратеникот Јунус а.с.

Оваа кратка дова, која тој ја учел, ни ја препорачал нам и Мухаммед а.с. да ја учиме со цел да постигнеме Аллаховата наклонетост и Негова помош, односно, дека Тој поради учење на оваа ќе ни пружи помош и во секоја ситуација ќе ни даде излез или олеснение. Па да се потрудиме да ја научиме и често да ја применуваме за да ги вкусиме нејзините плодови!

„Ла илахе илла енте субханеке, инни кунту минез-залимин.“
(Нема Бог, освен Тебе, славен да си Ти, а јас, навистина, се огрешив спреме себеси!)



_________________
INNEL LEDHINE KEFERU SAWAA UN'ALEJHIM E'EN'DHERTEHUM EM'LEMTUM DHIRHUM LA JU'MINUN HATAMALLAHU ALA KULUBIHIM WE ALAA S'EMIHIM WE ALAA ABSARIHIM GISAWAH WELEHUM ADHABUN ADHIMM.
Na vrh Go down
Vidi profil korisnika
 
ДОВАТА НА ЈУНУС (ЗЕН-НУН А.С.)
Vidi prethodnu temu Vidi sljedeću temu Na vrh 
Stranica 1/1

Permissions in this forum:Ne možete odgovoriti na teme ili komentare u ovom forumu
Ehli.Sunnet.Sisters :: MAKEDONSKI JAZIK-
Idi na: