--------------------------------------------------------------------------------
Писмо до сопругот
-Племенит брате, плаши се од Аллах, субханеху ве теала, и одговорно прифати ги своите обврски во бракот. Биди одговорен и праведен спрема својата сопруга. Знај дека тоа ти е обврска и дека за тоа ќе бидеш прашан.
-Советувај се со другите како да ги пребродиш проблемите во бракот, зошто жвотот е искуство.
-Убаво однесувај се према својата сопруга. Тоа што си глава на семејството, оној кој се прашува, немој да мислиш дека со домашните можеш да се однесуваш како сакаш.
-Ако веќе не си, подучи се на своите обврски и права во бракот, подучи се на прописите на исламскиот брак.
-Води сметка за состојбата на својата сопруга и своите деца. Труди се да ги одгледаш во исламски дух. Навистина, само со такво воспитание е среќата и на дуњалукот и на ахирет .
-Читај ги примерите на предходните генерации. Дознај како тие се однесувале спрема своите сопруги. Навистина ќе останеш возбуден.
-Проблемите во семејството лечи ги со мудрост, поставувајќи ја секоја работа на нејзино место, давајќи го на секому неговото право. Не се воздигнувај и не се охоли.
-Проблемите од децата не ги врзувај за мајката и решавај ги одвоено, еден по еден.
Писмо до сопругата
-Племенита сестро, биди задоволна со Аллаховиот шеријат и Неговата одредба, знај дека во секоја Аллахова одредба е добро по верникот, затоа биди задоволна со она што ќе ти се случи.
-Не го оптеретувај својот сопруг со она што не е во можност.
-Не отежнувај му го управувањето со семејството.
-Направи се неговата доверба во тебе да не се залула и во тоа биди искрена, не се преправај, зошто, ако тоа го чиниш знај дека нема долго да можеш.
-Племенита сестро, ако веќе не си, во потполност запознај се со правото на својот маж кај тебе и води сметка за неговото право. Знај дека тој е твој Џеннет или Џехенем, па погледни до каде си спрема неговото право кај тебе. Аллах да те зацврсти во следењето на мајките на верниците и жените на асхабите, да те направи украс на Исламот и мајка на исламски јунак.