Ehli.Sunnet.Sisters
Ehli.Sunnet.Sisters
Ehli.Sunnet.Sisters
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ehli.Sunnet.Sisters

Хуманитарност, Повикување во вистината, Учење Куран...
 
HomehumanitarnostGalleryTražiLatest imagesRegistracijaLogin
********HUMANITARNOST*******POVIKUVANJE VO VISTINATA******UCENJE KUR,AN******HUMANITARNOST******POZIVANJE U ISTINI******UCENJE KUR,AN******

 

 Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!

Go down 
AutorPoruka
Ehli_Sunna_Sister
Admin
Ehli_Sunna_Sister


Број на мислења : 136
Points : 388
Reputation : 2
Join date : 2010-05-24

Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен! Empty
KomentarNaslov komentara: Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!   Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен! Icon_minitimeMon May 24, 2010 2:44 pm

Бисмиллах ал-рахман ал-рахим

Благодарноста му припаѓа само на Аллах, Нему му благодариме и од Него помош и прошка за гревовите бараме, му се приклонувам на Аллах од нашето зло и нашите лоши дела. Оној кого Аллах на вистински пат ќе го упати, него никој на погрешна насока нема да може да го заведе, а оној кого Аллах во заблуда ќе го остави, никој на вистински пат не може да го насочи. Посведочувам дека нема бог освен Аллах Единствен, Тој другар нема, и сведочам дека е Мухаммед Негов роб и пратеник.


Почитуван читателу ! Во твои раце се мноштво хадиси, фетви и мислења за тоа колкава е важноста, обврска и значајот на одржувањето на роднинските врски и предупредување на оној кој ги раскинува родбинските врски.

Возвишениот Аллах рекол: И плашете се од Аллах - со Чие име се повикувате, и роднинските врски не ги прекинувајте, зошто Аллах, навистина, постојано бдее врз вас!. (ан-Ниса: 1)


Се пренесува од Ебу Хурејре р.а., дека Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) рекол: Кој верува во Аллах и Судниот ден нека ги одржуваат роднинските врски”. (хадисот го пренесува Бухари и Муслим)

Кој е се роднина

Бил запрашан уважениот алимот Абдул-Азис ибн Баз: -Кој е се роднина и близок, зошто некои велат дека роднините на сопругата не се роднина ?

Одговорот бил следен: Роднина се блиските кои се во сродство со тебе по мајка или татко, а тоа се оние кои Аллах(субханеху ве те’ала) ги спомнал во сурите ел-Анфал и ал-Азхаб, каде вели:

А роднините се, според Аллаховата Книга, едни на други поважни (ал-Анфал: 75),

а
најблиски се татковците, мајките, дедовци, деца и внуци кои се родат од нив, потоа оние ближни муѓу браќата и нивните деца, па таткови браќа и сестри и нивните деца.

Се пренесува по веродостоен пат дека во некоја прилика Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) кога бил запрашан: Кој е од луѓето најзаслужен да му бидам послушен?, одговорил: Мајка, а кој потоа?-запрашал човекот, Мајка, рекол Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем), а потоа кој?, -прашал човекот, Мајка, а потоа татко, па потоа ближниот твој, одговорил Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем). (хадисот го пренесува Муслим, а слични хадиси ги има голем број).

А што се однесува до роднините на сопругата тие не му се роднина на нејзиниот маж, освен ако не се по крвна основа и нему во сродство, но затоа се роднини на нивните деца, а Аллах знае најдобро.

На што се засновува одржување на роднинството

Одржување на роднинските врски може да се обавува на повеќе начини: да се посетуваат, да им се подари нешто, да се распрашуваме за нив, да се интересираме за нивното здравје и состојба, да се помогне оној кој е сиромав, да се однесуваме убаво со оние кои се богати, да се почитуваат старите и да се услужат,

убаво причекаат, да им се радуваме на нивните веселби, а сочувствуваме во нивните грижи и таги, да му се молиме на Аллах за нив, да се има убаво мислење за нив, да им се одговори на нивните повици, да се посетува доколку е болен некој, да се повикуваат на вистинскиот пат, да им се наредува правење на добро, а да се одвраќаат од зло.


Ибн Еби Хамза рекол: Одржување на роднинските врски може да е преку пари, помагање во несреќи, одстранување на штетите од нив, влевање на охрабрување со осмевка на лицето при средбите со нив и учење на дова(молитва) за роднината. Имамот ен-Невеви кажал: Одржување на роднинските врски е добродетелство кон нив, па така тоа некогаш бива преку пари, некогаш со услуга, некогаш со посета и поздрав и на тоа слично.


Одржување на роднинските врски е должност па макар тие роднини ги прекинале тие врски.
Од Ебу Хурејре р.а., се пренесува дека некој човек рекол: Аллахов Пратенику, јас имам роднина со која сакам да имам добри односи, но тие тоа не го сакаат, јас им помагам, а тие ми се светат, јас со нив човечки постапувам, а тие кон мене нељубезно се однесуваат.

На ова Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) рекол: Ако е така како што тврдиш, тогаш си им ти ним како болест која ги притиска и стега, но се додека си ти кон нив таков, дотогаш тебе Аллах ќе те помага.
(хадисот го пренесува Муслим)

Плодови од одржувањето на роднинските врски


Одржувањето на роднинските врски е причина за опрост на гревовите
Се пренесува од ибн Омер р.а., дека рекол: -Дошол некој човек кај Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем), и му кажал: -Јас направив голем грев, дали има тевбе за мене?, Имаш ли мајка-го запрашал Мухаммед а.с., -Не, одговорил овој, Имаш ли тетка, повторно го прашал Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи вe селем), -Да, рекол човекот, на што Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) рекол: Биди и послушен . (хадисот го пренесуваат Тирмизи и Хаким)

Одржувањето на роднинските врски е причина за зголемување на благосостојбата и продолжен век на живеење
Се пренесува од Алија ибн Еби Талиб р.а. дека Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) рекол: <Кој сака што подолго да живее, да има се во изобилие, да биде поштеден од несреќи, нека се плаши од Аллах и нека внимава и нека ја посетува својата роднина.(хадисот го пренесуваат Хаким и Беззар со веродостоен синџир на преносители)

Се пренесува од Енес р.а., дека Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) рекол: <Кој сака да има се во изобилие и да живее подолго, нека ги одржува роднинските врски<. (хадисот го пренесува Бухари и Муслим)

Одржувањето на роднинските врски е омилено дело на Аллах(субханеху ве те’ала)
Некој човек од племето Хас’ам рекол: Му дојдов на Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем), кој беше во друштво на некои асхаби, и му кажав: -Ти сметаш дека си Аллахов Пратеник? -Да, одговори тој, па му реков: -Аллахов Пратенику, кое е дело најомилено кај Аллах?, -Верување во Аллах, одговори, јас го запрашав повторно: -Потоа кое?, Одржување на роднинските врски, -одговори Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем), а јас го запрашав: -

А кое дело му е најодвратно на Аллах?, Препишување на некој другар на Аллах, ми одговори, -потоа кое, повторно го запрашав, на што тој ми одговори: прекинување на роднинските врски. (хадисот го пренесува Ебу Ја’ла со веродостоен синџир на сенедот)

Одржувањето на роднинските врски е причина за влез во џеннетот и спасение од џехеннемскиот огин


Се пренесува од Еби Ејјуб р.а., дека некој бедуин излегол пред Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем), кој бил на патување, ги фатил уздите на пратениковата дева и му рекол: -Аллахов Пратенику - или рекол: О Мухаммеде- извести ме за тоа што ќе ме приближи до џеннетот, а оддалечи од џехеннемот? Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) застанал, ги погледнал своите асхаби и рекол: Упатен е, потоа го запрашал што го прашал и бедуинот му го повторил прашањето на што Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) рече: Биди му покорен на Аллах и немој Нему друг да Му припишуваш, обавувај ги редовно молитвите(намазите), дели го зекјатот(задолжително милосрдие), одржувај ги роднинските врски, пушти ми ја девата, а во друго предание стои : Одржувај ги врските со својата роднина, кога бедуинот се оддалечил Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем)
Рекол: Ако се придржува до она што му наредив, ќе влезе во џеннет. (хадисот го пренесува Бухари).


Одржувањето на роднинските врски не смее да биде заради овосветските ползи
Некои луѓе ги посетуваат роднините ако тие го посетуваат, а ги прекинуваат роднинските врски ако тие ги прекинуваат, ваков човек не е од оние кои одржуваат роднински врски, туку возвраќа на стореното добро дело со исто, а тоа го прави без оглед на тоа дали се работи за роднина или не.

Додека оној кој ги одржува роднинските врски, тој тоа го прави во името на Аллах(субханеху ве те’ала) без оглед на тоа дали тие му се отповикуваат или не, затоа Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем)рекол: Не ги оддржува роднинските врски оној кој тоа го прави возвраќајќи и на роднината на нејзините дела, туку оној кој ги оддржува без оглед дали неговата роднина ги оддржува или ги прекинува врските со него. (хадисот го пренесува Бухари и Муслим)

Казни за оној кој ги раскинува роднинските врски

Оној кој ги раскинува роднинските врски нема да влезе во џеннет
Се пренесува од Џубејр ибн Мат’атаме р.а., дека го слушнал Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) како вели: Нема да влезе во џеннет оној кој ги раскинува врските. Суфјан рекол: се мисли на роднинските врски.

(хадисот го пренесува Бухари и Муслим)
Се пренесува од Еби Муса р.а., дека Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) рекол: Тројца нема да влезат во џеннет: Ортодоксен пијаница, оној кој ги раскинува роднинските врски и оној кој верува во сихрот(обмана)
(хадисот го пренесуваат Ахмед и Ибн Хибан).
На оној кој ги раскинува роднинските врски нема да му се примат добрите дела

Се пренесува од Ебу Хурејре р.а., дека рекол: -Го слушнав Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем)како вели: Делата на луѓето се изложуваат на денот пред петокот, а не се примаат од оној кој ги прекинува роднинските врски
(хадисот го пренесува Ахмед)

Забрана, жената да одржува роднински врски
Бил запрашан алимот Салих Фавзан: -Дали му е дозволено на мажот да и забрани на жената да ги оддржува роднинските врски, особено со родителите?

Алимот одговорил: -Одржување на роднинските врски е обврска и должност, затоа не му е дозволено на мажот тоа да и го забрани на својата жена, зошто раскинувањето на роднинските врски се смета за голем грев, па така на жената и е дозволено да не го послуша својот сопруг доколку тој тоа и го нареди, зошто забрането е да се послуша битие(создадениот), а да се греши кон Создателот.

Напротив таа ќе ги оддржува роднинските врски, макар да мора да одвојува од сопствените средства, било да е тоа со допишување или посета, освен ако посетата му оди на штета на мажот, како на пример од стравување нејзината роднина да влијае на неа наговарајќи ја на грев. Во таков случај на мажот му е дозволено да и забрани на својата жена да ја посетува дадената роднина, но таа ќе ја оддржува таа врска само преку допишување или со нешто во што нема да има стравување од нанесување на некаква штета, а Аллах тоа најдобро го знае.

Должност е да се стане од такви седенки
Запрашан бил алимот Ибн Усејмин: -На седенките на кои се собира нашата роднина, се оговараат луѓето, се пушат цигари, се играат карти и гледаат сериски филмови. Јас не смеам да се спротивставам од стравување да не ги разнишам роднинските врски. Дали треба да ги напуштам овие седенки и со тоа ги раскинам роднинските врски, што треба да направам?

Одговорот бил следен: -Должност ти е да доколку не можеш никого да го одвратиш од тие лоши дела во кои западнале, да престанеш да присаствуваш на такви седенки, зошто оној кој седи со некого кој прави грев ќе има грев, како што тоа Возвишениот Аллах(субханеху ве те’ала), го вели во Чесниот Кур’ан:

Тој веќе ви објавил во Книгата: -кога ќе ги чуете да ги негираат Аллаховите зборови и да ги исмејуваат, не седете со оние кои тоа го прават, додека да не преминат на друг разговор, инаку, ќе бидете како тие. (ан-Ниса: 140)

Исто така нема да погрешиш, доколку тие ги раскинат врските со тебе во иднина, со оглед дека се тие причината за таквите седенки кои ги содржат грешните постапки.

Затоа ако тие ги раскинат роднинските врски со тебе ти ќе настојуваш и понатаму да ги оддржуваш истите онака како што можеш, така гревот од раскинувањето на врските ше биде нивен, а ти ше имаш награда за одржување на тие врски.
Не смее да му се биде покорен на битието(човекот), а со тоа да се биде непокорен кон Создателот

Запрашан бил алимот Ибн Усејмин: -Имав намера да отпатувам за Мекка и да ја извршам умрата, но на поаѓањето ми беше кажано дека треба да ја посетам својата роднина која живее таму, со што внимавала на роднските врски, па затоа се откажав од патот, посакувајши го притоа Аллаховото задоволство, зошто вака не морам да се сретнам со братот на мојот маж со кој инаку би морала да се сретнам, и со самото тоа би морала да се окријам пред него, дали е мојата постапка исправна? Со што ме советувате?

Одговор: -

Аллах(субханеху ве те’ала) кажал: О верници, покорувајте му се на Аллах и покорувајте му се на Пратеникот и на представниците ваши.(ан-Ниса: 59)

Аллах(субханеху ве те’ала) во овој ајет го направил покорувањето кон представниците веднаш по покорноста кон Аллах и покорноста кон Пратеникот, така да кога ќе се судрат покорноста кон Аллах и покорноста кон Пратеникот од една страна и покорноста кон нашите надредени, тогаш предноста ја има покорноста кон Аллах и покорноста кон Пратеникот, затоа нема покорност кон некое битие(човечко), ако во тоа има грев кон Создателот.

Значи не ти е дозволено да се откриваш пред својот девер и знај дека е тоа харам(забрането), задолжително ти е да се покриеш па макар да тоа доведе до раскинување на роднинските врски, па доколку дојде до тоа, тогаш се тие оние кои ги раскинуваат врскити. Затоа нема да им се покоруваш и со тоа да покрешиш кон Аллах(субханеху ве те’ала), туку мораш да го направиш тоа со што си обврзана, и знај дека дека си помагната против оние кои ќе бидат против тебе, зошто ти се придржуваш до Аллаховите обврски.

Тие мораат кога се во прашање Аллаховите закони да речат: -Слушнавме и се покоруваме, а не да се придржуваат до обичаите, а ги оставаат Аллаховите прописи, зошто Аллаховите прописи се одлучувачки, а не потчинети. Обичаите се тие кои се потчинети и не се пресудни.

Треба да знаете дека најопасна работа за жената е роднината на мажот, така да понекогаш тие можат да бидат полоши и од некој странец, како што тоа го вели Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) во еден хадис каде забранува да се влегува кај жената и предупредувајќи на тоа вели: Чувајте се од осамување со жените, го запрашаа, -А деверот?, -Деверот е како смрт, одговори Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем).

Значи дека е и тој зло од кое треба да се внимава, а исто така причината е и во тоа што деверот е поблиска роднина на жената од страната на мажот и влегува во куќата на својот брат без да му забрани некој од проста причина зошто е блиска роднина, а и самиот тој не размислува за тоа сметајќи дека ја куќата на својот брат како своја.

Шејтанот е тој кој струи по човечкото тело како крв, го наговорува на искушение и грев, и затоа мора да се предупреди за да не се доведе во таква ситуација да биде изложен на искушение. Одговорот во куси црти би бил: -

Жената која прашува, треба да се покрие пред својот девер макар да со тоа предизвика нивна(роднинска) омраза, макар да тие по тоа ја избегнуваат, но од друга страна пак таа и понатаму ќе ги внимава и чува роднинските врски, па ако тоа тие не го прифатат, тогаш гревот е нивен, а не нејзин.
Предупреди ги за должностите кон роднините

Бил запрашан алимот Ибн Џибрин: -Кога бев кај својот постар брат со своите сетри, седевме и разговарма за некои теми, наеднаш настана спор меѓу нас колу тоа како треба да се воспитуваат децата, по штон постариот брат ми кажа: -

Излези од мојата куќа, при што ме удри, а сестрите беа на неговата страна. Дали направив грев со тоа што ги раскинав врските со мојот брат и сестрите, по нивното напаѓање врз мене.? Ако е така што треба да сторам сега, имајќи во предвид дека сум многу чувствителна особа.?

Ибн Џибрин одговорил: -Мора да имал некоја причина твојот брат кога те удрил, можеби се имаш поведено невоспитно кон него, или ги имаш посрамотено укажувајќи на некое нивно дело, или си ги малутил со некоја критика што условило постариот брат да те удри, а сестрите го поддржале во тоа оценувајќи дека тоа го заслужуваш.

Ако се случило како што наведов, тогаш мислам дека треба да одиш кај нив и да им се извиниш, да се оградиш од своите постапки, укажувајќи дека ти е жал и дека се каеш, па така тие можеби ќе го примат твоето извинување и ќе го нормализираат односот со тебе.

Исто така сметам дека доколку тие погрешиле, да ги посетиш и да им се извиниш и признаеш дека си погрешил пред нив, молејќи ги да преминат преку твоите грешки, спомнувајќи притоа што те има наведено на таква постапка, опоменувајќи ги притоа за обврските кон роднините, и да оној кој раскинува врските кон роднините, Аллах ќе ги раскине со него.

Можеби тоа ќе ги опомене, а Аллах најдобро знае.
Немој да ги раскинеш роднинските врски некому за љубов (воља)
Запрашан алимот ибн Усејмин на прашањето: -Имам две сестри кои се мажени за двајца роднини, а меѓу нашето и нивното семејство има некои недоразбирања, заради кои не се посетуваме меѓусебно. Мојот брат не ги посетува сестрите, а и мојата мајка исто така нему за љубов(воља), за да не се налути на неа.

Каков е прописот по ова прашање?. Одговорил: -Да, тие прават грев, зошто раскинување на роднинските врски се смета за голем грев.
Под роднини се подразбираат оние блиски, а што сме повеќе во сродство со некого, одговорноста е поголема и појака, па несмеат да се раскинат за ничија љубов.

Затоа твојата мајка мора да ги чува роднинските врски и да се придржува до она со што Аллах(субханеху ве те’ала) ја обврзал, па ако некој биде со тоа задоволен, ќе биде задоволен со она со што Аллах(субханеху ве те’ала) е задоволен, и тоа е подобро за него, а ако не биде задоволен со тоа, тогаш во неговата разјареност нема основа, зошто оддржувањето на роднинските врски е обврската која не смее да се раскине за ничија љубов.

Ти си причина за раскинувањето на роднинските врски
Бил запрашан Постојаниот Совет:

-Имам три тетки, сестри на мојот татко, кои се договориле да ги раскинат роднинските врски со мене, заради поделба на имотот меѓу нас, зошто тие сакале да го продадат имотот без мое знаење и дозвола, со оглед на тоа што и јас сум партнер со нив во тој имот, јас се спротивставив на тоа и му ги вратив на купувачот неговите пари кои ги дал за имотот, не оплзувајќи се притоа со ништо, им го оставив сето ним и отпатував. Би сакал тие да живеат од ползата на продуктите што ги даваат тие плантажи и да живеат во куќата, сето тоа со еден услов: да не менуваат ништо.

По нивното раскинување со мене, јас се осамив и оутѓив од нив, па плашејќи се од раскинување на роднинските врски заради казната која ја чека таквата особа, со што ме советувате?
На што одговорил: -

Тоа што си им забранил на своите тетки да го продаваат имотот која им била оставена ним од нивниот татко, е неправедно од твоја страна и е израз на твоето непријателство, зошто секоја од нив има законско право да го користи својот имот по своја желба, и никој не смее да ги препречи во тоа се додека го има тоа законско право.

Што се однесува до раскинувањето на роднинските врски кои настанале, главна причина во овј случај си ти, затоа мораш да бараш прошка од Аллах(субханеху ве те’ала) покајувајќи се за сторениот грав, воедно ќе бараш прошка од нив и ќе ги посетуваш, зошто Аллах(субханеху ве те’ала) го наредува оддржувањето на роднинските врски:

И плашете се од Аллах - со Чие име се повикувате, и роднинските врски не ги прекинувајте, зошто Аллах, навистина, постојано бдее врз вас!. (ан-Ниса: 1)

Дај му на ближниот свој негово право (ал-Исра: 26)

Улемата се има сложено со следното:

Дека оддржување на роднинските врски е обврсак, а раскинување на истите е забрането. Бухари, Муслим, и уште некои други мухадиси пренесуваат од Еби Хурејре р.а. хадис во кој Аллаховиот Пратеник(салаллаху алејхи ве селем) вели: Кој верува во Аллах и Судниот ден нека го почасти гостинот. Кој верува во Аллах и Судниот ден нека ги оддржува роднинските врски...
Немој да ја спречуваш да ја посетува својата сестра
Било запрашан алимот ибн Џибрин: -

Човек оженил девојка која има сестра која не го симпатизира, уште повеќе го мрази, а пред тоа се има обидено да го попречи бракот меѓу нив на секој начин, но Аллах(субханеху ве те’ала) одредил поинаку, затоа тој човек барал од својата жена да ги раскине роднинските врски со нејзината сестра, заради недоразбирањата и проблемите кои произлегуваат заради неа, меѓутоа неговата жена инсистира на тоа да ја посетува својата сестра оправдувајќи се со тоа дека со таквата постапка би ги раскинала роднинските врски, со што ќе му се спротивстави на исламскиот закон и вера.

Знаејќи дека нејзиниот маж е настојчив на своето мислење со кое инсистира за раскинување на роднинските врски, молам за одговор со кој ќе не упатите кон вистинското решение, а Аллах нека ве награди со добро.

Алимот одговорил вака: -Човекот мора пред се да ја подобри својата намера, цел и дела, да ги обавува верските прописи, а да ги одбегнува забранетите работи, и се она што ќе му ја разниша неговата репутација и праведност, потоа, тој мора да биде со убаво однесување кон својата жена и да живее во неа во добро, овозможувајќи и мирен и добар живот, одбегнувајќи ги причините кои доведуваат до расправки и спорови и се што создава омраза, пакост и злоба, зошто додека го работи ова како знак на помирување,


жената ќе биде подружељубива, благодарна и ќе најде благосостојба во својот живот, од друга страна пак ќе се спротивставува со сета сила против оној кој сака тоа да го промени, ќе ја фрли на него валканоста, и ќе рече за него и она што тој не го кажал, клеветејќи го и потворувајќи го, сеедно дали се работело за сопствена сестра или не, па затоа тој човек не смее да и забрани на својата сопруга да ја посетува нејзината сетра, и не треба да се плаши за неа дека тоа ќе влијае да дојде до расправки меѓѕу нив.


Жената е должна да ја посетува својата роднина и не смее да ги запоставува, зошто со тоа ги раскинува роднинските врски што повлекува големи последици. Можеби таа со таа посета биде причина за промена на мислењето на нејзината сестра, и ја натера на покајување и убаво мислење, со тоа што ќе и ги спомнува убавите морални доблести на својот маж и неговиот добар однос кон неа, а Аллах најдобро знае.
И нека е мир и спас на нашиот Пратеник Мухаммед, на неговото семејство и сите негови асхаби.
Na vrh Go down
 
Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!
Na vrh 
Stranica 1/1

Permissions in this forum:Ne možete odgovoriti na teme ili komentare u ovom forumu
Ehli.Sunnet.Sisters :: MAKEDONSKI JAZIK-
Idi na: