Ehli.Sunnet.Sisters

Ehli.Sunnet.Sisters

Хуманитарност, Повикување во вистината, Учење Куран...
 
HomehumanitarnostCalendarGalleryKako koristiti ovaj Forum?TražiLista članovaGrupe korisnikaRegistracijaLogin
********HUMANITARNOST*******POVIKUVANJE VO VISTINATA******UCENJE KUR,AN******HUMANITARNOST******POZIVANJE U ISTINI******UCENJE KUR,AN******

Share | 
 

 Zabraneti raboti za zenata muslimanka

Vidi prethodnu temu Vidi sljedeću temu Go down 
AutorPoruka
Ehli_Sunna_Sister
Admin
avatar

Број на мислења : 136
Points : 388
Reputation : 2
Join date : 2010-05-24

KomentarNaslov komentara: Zabraneti raboti za zenata muslimanka   Mon May 24, 2010 2:53 pm

Благодарноста му припаѓа на Аллах,Господарот на сите светови Оној кој не упатува на прав пат и подучува на она што не го знаеме, а Тој е Сезнаен,Створител на Небесата и Земјата,Милостив и Сомилосен.Нека е салават и селам на Мухаммед,саллаллаху'алејхи ве селлем,кој што е испратен како милост на сите светови,на неговото семејство и сите асхаби.

Ценета сестро,среќна сум што Возвишениот Аллах повторно ми овозможи да се слушнам со тебе и повторно да си размениме една на друга неколку зборови. Покорувајќи се на Возвишениот Аллах.
Во оваа прилика сакав да поразговарам со тебе за неколку забранети работи кои што многу се проширија меѓу жените муслиманки,станаа составен дел на нивниот живот,обичај во кои тие ништо лошо не приметуваат, а Возвишениот Аллах и Неговиот Пратеник,саллаллаху'алејхи ве селлем, не опоменува за истите постапки укажувајќи на неговата строга забрана.Го молам Аллах субханеху ве те'ала да не направи од оние кои се покорни на неговите наредби и наредбите на неговиот Пратеник ,саллаллаху 'алејхи ве селлем, од оние кои кога ќе бидат повикани од Аллах, оние кои го следат Неговиот Пратеник салаллаху алејхи ве селлем само ќе речат "Слушаме и се покоруваме"Кога верниците на Аллах и неговиот Пратеник ќе бидат повикани да им се пресуди,само ке речат:"Слушаме и се покоруваме!"-Тие ќе успеат.Оние кои на Аллах и Неговиот Пратеник ќе се покоруваат,кои од Аллах се плашат и кои од Него стравуваат тие ке го постигнат она што го посакуваат."(превод на значење Ен-Нур,51-52) Го Молам,субханеху ве те'ала,да не сочува од секаков вид на изобличување и оддалечување од Неговите зборови,да не сочува од особини на оние кои Севишниот вели:"Тешко на секој лажливец,голем грешник! Тој ги слуша Аллаховите зборови кога ќе му се кажат,а пак останува рамнодушен како да не ги слушнал,-нему казна неиздржлива му се спрема.А кога ќе дознае за некои Наши ајети тој ги исмејува.Таквите понизувачка казна ги чека."(превод на значење Ел-Џасија,7-9)
Го молам Возвишениот Аллах да го прими од нас ова дело,да не уцврсти во верата , да ни го зголеми иманот и искреноста во нашите срца. Навистина Тој е најдобар Заштитник и Помагач!

Прва од забранетите работи која што денес многу е проширена и која со себе носи голема опасност е поистоветување со мажите во однесувањето и во носијата. Пантолони слични на машките.Фризури слични како кај машките.Ценета сестро! Богобојазлива и чесна муслиманко! Знаеш ли дека овој обичај,ова поистоветување или имитирање на мажите,е строго забрането?!
Не ти е дозволено во никаква ситуација,и под никаков изговор да облечеш нешто со што ќе наликуваш на маж. Жена е жена, а маж е маж. Секој од нив има свои склоности и своја градба.Хадисите на Аллаховиот Пратеник,саллаллаху'алејхи ве селлем,за забраната за поистоветување на жената со маж веродостојно се пренесени:

Ибн Аббас,радиаллаху'ан рекол:"Аллаховиот Пратеник, саллаллаху 'алејхи ве селлем,ги проколна луѓето кои што се поистоветуваат со жените и жените кои сто се поистоветуваат со мажите."(Тирмизи и Бухари во Едебул-муфреду)


Аммар б.Јасир,радиаллаху 'анх, пренесува дека Аллаховиот Пратеник,саллаллаху ' алејхи ве селлем рекол:
Тројца нема да влезат во Џеннет, оној што не е љубоморен,машкобањаста жена и хроничен алохоличар."Го прашале"Аллахов Пратенику! За хроничен алкохоличар знаеме,но не знаеме за оној што не е љубоморен! Кој е тој? А Аллаховиот
Пратеник саллаллаху 'алејхи ве селлем, одговорил:оној што не води грижа кој се влегува кај неговата жена.'-"А машкобањаста жена?"-прашале.Одговорил:Онаа жена што се поистоветува со мажите."(Таберани)

Ебу-Умаме,радиаллаху'ан пренесува дека Аллаховиот пратеник саллаллаху 'алејхи ве селлем рекол:"Четворица се проколнати и на Дуњалук и на Ахирет при што со проколнувањето мелеките изговараат: 'Амин' човек кој сто Аллах го создал машко,па тој се променил во женско и се поистоветува, со жените,жена која што Аллах ја создал како жена, па таа се променила во машко и се поистоветува со нив..."(Таберани) Абдуллах б.Амр б.Ел-Ас,радиаллаху 'ан видел некоја жена што имала машки од, па прашал:"Која е оваа зена?"Му рекле:"Тоа е Умму-Се'ид керка на Ебу-Џехел."Абдуллах рекол:Го слушнав Пратеникот саллаллаху 'алејхи ве селлем како вели:"Не е од нас онаа жена што се поистоветува со мажи,ниту оној човек што се поистоветува со жени"(Ахмед)

Затоа богобојазлива сестро муслиманко, води грижа за споменатото и биди претпазлива.

Втора од забранетите работи,кои што се врежаа мегу жените муслиманки е спојување на коса со друга туѓа коса,или носење на перики.Веровесникот, саллаллаху 'алејхи ве селлем, го забранил споменатото во многу хадиси:

Ебу-Се'ид ел-Мекбури пренесува од својот татко дека рекол"Го слушнав Муавија б.Ебу-Суфијан, радиаллаху'ан,како на мимбер,
држејќи во раката прамен од коса,вели:"Што им е на вашите жени што ставаат во своите коси нешто слично на ова?! Го слушнав Аллаховиот Пратеник, саллаллаху 'алејхи ве селлем,како вели:-Нема ни една жена која во својата коса става коса од друга жена ,а со тоа да не направила кривотворење.-"(Бухари и Муслим)

Во преданието кај Бухарије,рахметуллахи'алејх,стои дека Муавија радиаллах'ан,рекол:"Каде се вашите учени?! Го слушнав Аллаховиот Пратеник саллаллаху 'алејхи ве селлем како забранува слично на ова и вели:"Навистина Израелците се уништени тогаш кога нивните жени почнале да им го прават ова."Додека во преданието на Се'ид б. Ел-Мусејјеб,рахметуллахи 'алејх,стои дека Муавија рекол:"Не знаев дека ова го прави некој друг освен евреите."
Есма бинт Ебу Бекр,радиаллаху'анхума, пренесува дека некоја жена го прашала Аллаховиот Пратеник саллаллаху 'алејхи ве селлем:"О Аллахов Пратенику! Мојата ќерка доби посип со тоа што косата на главата и падна,а ја мажив. Па дали да и спојам и наметнам коса?"Аллаховиот пратеник,саллаллаху 'алејхи ве селлем рекол:"Аллах ја проколнал онаа што ја спојува својата коса со коса на друга жена и онаа жена која тоа го прави."(Бухари и Муслим)



Абдуллах б.Амр б.Ел-Ас,радиаллаху 'ан видел некоја жена што имала машки од, па прашал:"Која е оваа зена?"Му рекле:"Тоа е Умму-Се'ид керка на Ебу-Џехел."Абдуллах рекол:Го слушнав Пратеникот саллаллаху 'алејхи ве селлем како вели:"Не е од нас онаа жена што се поистоветува со мажи,ниту оној човек што се поистоветува со жени"(Ахмед)

Затоа богобојазлива сестро муслиманко, води грижа за споменатото и биди претпазлива.Втора од забранетите работи,кои што се врежаа мегу жените муслиманки е спојување на коса со друга туѓа коса,или носење на перики.Веровесникот, саллаллаху 'алејхи ве селлем, го забранил споменатото во многу хадиси:

Ебу-Се'ид ел-Мекбури пренесува од својот татко дека рекол"Го слушнав Муавија б.Ебу-Суфијан, радиаллаху'ан,како на мимбер,
држејќи во раката прамен од коса,вели:"Што им е на вашите жени што ставаат во своите коси нешто слично на ова?! Го слушнав Аллаховиот Пратеник, саллаллаху 'алејхи ве селлем,како вели:-Нема ни една жена која во својата коса става коса од друга жена ,а со тоа да не направила кривотворење.-"(Бухари и Муслим)

Во преданието кај Бухарије,рахметуллахи'алејх,стои дека Муавија радиаллах'ан,рекол:"Каде се вашите учени?! Го слушнав Аллаховиот Пратеник саллаллаху 'алејхи ве селлем како забранува слично на ова и вели:"Навистина Израелците се уништени тогаш кога нивните жени почнале да им го прават ова."Додека во преданието на Се'ид б. Ел-Мусејјеб,рахметуллахи 'алејх,стои дека Муавија рекол:"Не знаев дека ова го прави некој друг освен евреите."

Есма бинт Ебу Бекр,радиаллаху'анхума, пренесува дека некоја жена го прашала Аллаховиот Пратеник саллаллаху 'алејхи ве селлем:"О Аллахов Пратенику! Мојата ќерка доби посип со тоа што косата на главата и падна,а ја мажив. Па дали да и спојам и наметнам коса?"Аллаховиот пратеник,саллаллаху 'алејхи ве селлем рекол:"Аллах ја проколнал онаа што ја спојува својата коса со коса на друга жена и онаа жена која тоа го прави."(Бухари и Муслим)

Исто така од забранетите работи е и одстранување на влакна од веѓите,потполно или делумно.

Аллаховиот Пратеник саллаллаху 'алејхи ве селлем,ја проколнал онаа жена која подполно или делумно ги одстранува влакната од своите веѓи поради разубавување и жената која тоа го прави.(Бухари и Муслим)

Абдуллах б.Мес'уд,радиаллаху'ан,рекол:Аллах ги проколнал жените кои тетовираат и кои што бараат од други да ги тетовираат,жени кои ги цупаат веѓите и оние кои што тоа го прават,жени кои ги раздвојуваат забите поради разубавување и го менуваат она што Аллах го створил!"Некоја од жените му се спротивставила ,па рекол: "Зошто да не го проколнам оној кој Аллах и Неговиот Пратеник, саллаллаху 'алејхи ве селлем го проколнале.А во Аллаховата субханаллаху ве те'ала Книга стои:"Она што пратеникот ви дава земете,а она што ви го забрани оставете.'"(Бухари и Муслим)

Пофално е да жената ги одстранува влакната на брадата и брковите т.е.мустаќите зашто тие се сметаат за неприродни кај жената.На жената не и е дозволено да ги одстранува влакната од веѓите иако тоа го бара нејзиниот маж,зашто нема покорност на створенијата во непокорноста на Створителот, Аллах, субаханеху ве те'ала.

Исто така од забранетите работи е и тетовирањето,како што имаше прилика да забележиш во зборовите на Ибн-Мес'уд,,радиаллаху'ан,и како што стои во хадисот од Ибн-Абас,радиаллаху'ан,дека рекол:"Проколнати се оние кои својата коса ја спојуваат со туѓа коса и оние кои што тоа го прават,жени кои што ги одстрануваат влакната од своите веѓи и жени кои што тоа им го прават и жени кои тетовираат и бараат од други да ги тетовираат."

И како што е спомнато во хадисот на Ибн-Мес'уд,радиаллаху'ан,а слиќно се споменува и во хадисот на Алкаме радиаллаху'ан,дека од забранетите работи е и правење простор меѓу забите поради разубавување ,поради што со тоа се менува Аллаховото,субханеху ве те'ала,создание.

Сите овие работи се презирни,погрдни обичаи,големи гревови ,па чувај се,чесна сестро муслиманко, биди предпазлива.Знај дека поттикнувањето на овие работи доаѓа од самиот шејтан.Тој ти дошепнува како да се разубавиш .Ти вели како твојот маж нема да гледа во тебе ако не ги направиш овие работи,ако не му се разубавиш на таков начин.Ти зборува како тоа не е забрането кога се работи за средување и разубавување за својот сопруг.ЛАЖЕ се колнам во Господарот мој Ка'бе! За да ја сватиме суштината на работите,целата вистина, да ја отвориме Аллаховата, субханеху ве те'ала Книга и да ги прочитаме зборовите на Возвишениот,како што стои во преводот на значењето:
"Тие покрај Аллах на женски кумури се клањаат, а не им се клањаат на друг освен на шејтанот пркосен, Аллах да го проколне! А тој рекол:„ Јас сигурно ќе се потрудам да превземам одреден број од Твоите робови, и ќе ги наведувам сигурно на споредни патишта, и ќе ги примамувам, сигурно со лажни надежи, и сигурно ќе им заповедам на стоката ушите да им ги режат, и сигурно ќе им наредам па створенијата Аллахови ке ги менуваат!


"А она што шејтанот го ветува само е измама. Нивното престојувалиште ќе биде Џехеннемот и тие од него нема да најдат спас!"(Ен-Ниса 117-121)

Дали сега свати богобојазлива сестро,дека сите работи се само шејтанско одвлекување,затоа биди внимателна ,чувај се од лугето, џиновите и шејтанот.Никако немој да се носиш со лажни пароли.А ако некои од овие работи веке биле кај тебе ,врати се на Аллах,субханеху ве те'ала,Тој е Оној кој неизмерно простува.


ГО МОЛАМ НА СЕВИШНИОТ АЛЛАХ ВИСТИНАТА ДА НИ ЈА НАПРАВИ ЈАСНА И ДА НИ ГО ОЛЕСНИ НЕЈЗИНОТО СЛЕДЕЊЕ А ЛАГАТА ОДЕДНАШ ДА НИ ЈА НАПРАВИ ЈАСНА И ДА НИ ПОМОГНЕ ДА ОД НЕА СЕ ОТРГНЕМЕ.
ВОЗВИшЕНИОТ АЛЛАХ Е НАЈДОБАР ЗАШТИТНИК И ПОМАГАЧ .АМИН
Na vrh Go down
Vidi profil korisnika
 
Zabraneti raboti za zenata muslimanka
Vidi prethodnu temu Vidi sljedeću temu Na vrh 
Stranica 1/1

Permissions in this forum:Ne možete odgovoriti na teme ili komentare u ovom forumu
Ehli.Sunnet.Sisters :: MAKEDONSKI JAZIK-
Idi na: