Ehli.Sunnet.Sisters

Ehli.Sunnet.Sisters

Хуманитарност, Повикување во вистината, Учење Куран...
 
HomehumanitarnostCalendarGalleryKako koristiti ovaj Forum?TražiLista članovaGrupe korisnikaRegistracijaLogin
********HUMANITARNOST*******POVIKUVANJE VO VISTINATA******UCENJE KUR,AN******HUMANITARNOST******POZIVANJE U ISTINI******UCENJE KUR,AN******

Share | 
 

 КОРИСТИТЕ ОД ДРУЖЕЊЕТО СО КУРАНОТ

Vidi prethodnu temu Vidi sljedeću temu Go down 
AutorPoruka
Ehli_Sunna_Sister
Admin
avatar

Број на мислења : 136
Points : 388
Reputation : 2
Join date : 2010-05-24

KomentarNaslov komentara: КОРИСТИТЕ ОД ДРУЖЕЊЕТО СО КУРАНОТ   Sun May 30, 2010 6:04 pm

Размислувањето за Аллаховите ајети без дилема претставува чин кој личноста ја приближува кон Возвишениот Аллах. Ова размислување не е лекомислено и бесцелно размислување. Напротив, тоа вклучува изучување на класичното толкување на ајетите за кои се размислува...


Навистина, ниту една друга книга, не е како Аллаховата Книга која претставува Негов вечен говор, која е прирачник за животот и смртта како и за она што доаѓа после тоа.
Затоа, Аллаховата Книга заслужува проучување кое е повнимателно од проучувањето на било кој друг говор. Вакво проучување искажува потреба читателот да се наврати на поранешните преданија на оние кои биле сведоци на објавата и кои го чуле нејзиното објаснување од оној кој е испратен од Аллах, субханеху ве теала, да ги кажува и објаснува Неговите зборови на сиот човечки род – Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селлем, бидејќи доколку личноста се обиде да го открие значењето на ајетот без предходно изучување на поводот на објавеното, и појаснувањето од страна на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, расипаноста на времето во кое живее таа личност, нејзино непознавање за тоа за што се однесуваат ајетите и непоседување разбирање кое го имале раните генерации на муслимани, сигурно ќе доведе до погрешно разбирање на Аллаховите зборови, па поради тоа личноста би можела да застрани сметајќи дека исправно му робува на Аллах, џелле шануху. Поради ова, секој искрен муслиман кој учејќи Куран и размислувајќи за него, се надева на Аллаховата љубов треба цврсто да се држи кон значењата кои ни ги појаснил Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, потоа неговите асхаби, потоа оние после нив, и раните исламски научници.

Учењето на Куранот и размислувањето за него, и редовното издвојување време за негово изучување и примена, има огромни користи и фадилети, во животот на овој и на идниот свет. Затоа, да погледнеме неколку од тие фадилети, за да што повеќе се приврзиме за Аллаховите величенствени зборови. Секоја од овие користи е сама за себе доволен поттик за отстранување на мрзливоста и посветување на Куранот.

1.Учењето на Куранот и размислувањето за него потполнува една Исламска должност

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, навистина во оваа негова изјава ја сумирал, собрал нашата вера: „Верата е насихат, советување!“ „На ова сме ние“ , пренесува Темум ибн Авс, радијаллаху анху, прашале: „Спрема кое?“ Тој одговорил:„Спрема Аллах, Неговата Книга, Неговиот Пратеник, водачите на луѓето, и обичниот народ.“ (Муслим)

Насихатот – советувањето кое сме должни спрема Аллаховата Книга вклучува редовно читање, учење на правилата на теџвидот и убавото рецитирање, изучување на неговото толкување поводот на објавата, сведочење дека таа е вистина и совршен Аллахов говор, потоа почит спрема неа и нејзино чување, придржување кон нејзините наредби и забрани кои се наоѓаат во неа, подучување на други кон неа како и повикување кон неа. Значи, со читањето и размислувањето за Куранот верникот ја исполнува својата обврска и за тоа ќе биде награден. После извршувањето на оваа обврска, Куранот на Судниот ден станува доказ во корист на муслиманот! Тоа е втората корист која ја добиваме со прифаќање на оваа Благородна Книга...

2.Куранот на Судниот ден ќе биде доказ во наша корист

Ова го заклучуваме од Пратениковата, саллаллаху алејхи ве селлем, изјава:

„А Куранот ќе биде доказ или во ваша корист или на ваша штета.“ (Муслим)

Значи, со овој доказ, Аллаховата Книга, ќе се случи една од следните две работи. Или ќе сведочи во наша корист, или ќе биде доказ против нас на Денот во кој ќе ни биде потребно секое добро дело.

Доколку нашиот однос со Куранот не биде меѓу нашите добри дела, тогаш тој Аллахов говор сигуно ќе биде доказ против нас.

А кој би можел да биде спасен од ужасот на тој Ден доколку Аллаховиот сопствен говор биде против него? Внимателно размисли за својата позиција во однос на Куранот! Дали го запоставуваш и дали му противречиш немарно постапувајќи спрема неговите наредби и забрани? Дали над неговиот текст некогаш длабоко се замислуваш? ДАЛИ на Судниот ден ќе биде на твоја страна?

О АЛЛАХУ! Те молиме, со Твојот совршен говор и Твоите Убави Имиња и Атрибути, да го направиш Куранот да биде доказ во наша корист! О АЛЛЛАХУ! Не дозволувај тој Ден Куранот да биде доказ против нас, и сочувај нè од мачењето во Огнот!

Бидејќи доколку Аллах, субханеху ве теала, Куранот Го направи како доказ за, а не против нас, тогаш Куранот, истотака, ќе биде наш заговорник кога друго заговарање нема да има, освен по Неговото, субханеху ве теала, одобрение.

3.Куранот на Судниот ден за нас ќе се залага

Ебу Уммаме пренесува дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:

„Читајте го Куранот, бидејќи навистина, тој на Судниот ден ќе дојде и ќе заговара за оние кои со него се дружиле.“ (Муслим)



4. Ќе се подобри нашата положба (состојба) на овој свет

Во Сахихот на Муслим наоѓаме едно убаво предание за тоа како на човекот кому е ветен џеннет, Омер ибн Ел-Хаттаб, го разбрал ова начело. За време на неговото владеење дошле некои луѓе да го запрашаат за предводникот на Мека: „Кој е владетел на Мека?“ Тој одговорил: „Тој е еден од поранешните робови кои ние ги ослободивме.“ Тие прокоментираа: „Си дозволил ослободен роб да владее со луѓето од Долината (племенити племиња Курејши)?!?!“ Тој им одговори: „Навистина, тој е од оние кои ја читаат Аллаховата Книга и добро ги познава обврските на муслиманите. Зарем вие ја немате слушнато изреката на Аллаховиот Пратеник: „Навистина, Аллах со Својата Книга некои луѓе ги воздигнува, а некои со неа ќе Ги понижи.“


5.Ќе бидеме најдобри меѓу најдобрите луѓе

Осман, радијаллаху анху, рекол како го чул Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, како вели: „Најдобри меѓу вас се оние кои го учат Куранот и други кон него ги подучуваат.“ (Бухарија)


6.За секоја проучена буква од Куран следат десет награди (добри дела)

Ова ни го докажува автентичниот хадис од збирката на хадиси од Тирмизи: „Кој ќе проучи една буква од Аллаховата Книга, за тоа ќе има награда. Таа награда ќе биде десетострука. Не велам дека Елиф, Лам и Мим се една буква. Елиф е буква, посебно, Лам буква, посебно и Мим буква, посебно.“

Затоа да го зголемиме своето учење на Куранот како би ја стекнале оваа, како и следните награди:


7.Учачите на Куран ќе бидат во друштво на чесните и послушни мелеци

Ајша, радијаллаху анху, пренесува од Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем: „Навистина, оној кој убаво учи Куран, течно и точно, ќе биде во друштво на чесните и послушни мелеци. А пак што се однесува до оној кој учи со потешкотија, со пелтечење и правејќи грешки, тој ќе има двојна награда.“ (Бухарија, Муслим)

Значи, не дозволувај шејтанот да те заведе со лажни изговори, како на пр. „јас не сум арап“ или „арапскиот јазик не е мој јазик“. Овој хадис е јасен доказ против вакви дошепнувања. Посвети се на Аллаховата Книга бил/а Арап или не. Изговор нема, патот кон прифаќањето на Аллаховата Книга ти е овозможен. Нема место за воздржување и наоѓање оправдувања.

Сигурни сме дека ќе престанеш да се двоумиш и ќе си најдеш учител или група со која би го изучувал-а Куранот, кога наскоро ќе ја слушнеш последната, и можеби најголемата благодет на учењето и размислувањето за Куранот.

8.Нашата положба во џеннетот ќе биде одредена врз основа на обемот на меморирани (зачувани) ајети од Куран

Абдуллах ибн Амр ибн Ел-Ас го чул Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, како вели:

„На оној кој се дружел со Куранот, ќе му се рече: ’Читај и качувај се(низ степените на џеннетот) и разубавувај го својот глас како што тоа го чинеше додека беше на дуњалукот! Зошто, навистина твоето место во џеннет ќе биде местото до каде ќе стигнеш со учењето на последниот ајет.“ (Ебу Давуд, Тирмизи)


9.Куранот нè води кон Џеннетот

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Куранот ќе биде посредник на оној кому ќе биде дадено право на залагање и во него со право верувал во вистината. Кој ќе го стави пред себе, тој ќе го води во Џеннетот, а кој го стави зад себе, тој ќе го води во џехеннемскиот оган.“


Знај дека овие девет благодетти може да се постигнат само преку искрена предаденост на Аллаховата Книга и тоа не низ изјава како „Јас го сакам Куранот.Тој е прекрасен!“, туку со искрено срце врзано за Аллаховата Книга, срце покрај кое телото и јазикот ја следат оваа поврзаност.

Биди свесен дека наведените благодетти се само некои од многубројните благодетти за кои дознаваме од Куран и збирките хадиси. Помеѓу оние благодетти кои ги немаме спомнато се заговореништвото кои некои Курански сури ќе го прават за нас во кабурот(гробот), потоа Куранската моќ на лечење, чувство на одмор и релаксација кој Куранот го дава на нашите срца итн....

А Аллах, џелле шануху, најдобро знае

_________________
INNEL LEDHINE KEFERU SAWAA UN'ALEJHIM E'EN'DHERTEHUM EM'LEMTUM DHIRHUM LA JU'MINUN HATAMALLAHU ALA KULUBIHIM WE ALAA S'EMIHIM WE ALAA ABSARIHIM GISAWAH WELEHUM ADHABUN ADHIMM.
Na vrh Go down
Vidi profil korisnika
 
КОРИСТИТЕ ОД ДРУЖЕЊЕТО СО КУРАНОТ
Vidi prethodnu temu Vidi sljedeću temu Na vrh 
Stranica 1/1

Permissions in this forum:Ne možete odgovoriti na teme ili komentare u ovom forumu
Ehli.Sunnet.Sisters :: MAKEDONSKI JAZIK-
Idi na: