Ehli.Sunnet.Sisters
Ehli.Sunnet.Sisters
Ehli.Sunnet.Sisters
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ehli.Sunnet.Sisters

Хуманитарност, Повикување во вистината, Учење Куран...
 
HomehumanitarnostGalleryTražiLatest imagesRegistracijaLogin
********HUMANITARNOST*******POVIKUVANJE VO VISTINATA******UCENJE KUR,AN******HUMANITARNOST******POZIVANJE U ISTINI******UCENJE KUR,AN******

 

 BIDI KRALICA VO SVOJOT DOM !

Go down 
AutorPoruka
Ehli_Sunna_Sister
Admin
Ehli_Sunna_Sister


Број на мислења : 136
Points : 388
Reputation : 2
Join date : 2010-05-24

BIDI KRALICA VO SVOJOT DOM ! Empty
KomentarNaslov komentara: BIDI KRALICA VO SVOJOT DOM !   BIDI KRALICA VO SVOJOT DOM ! Icon_minitimeFri May 28, 2010 4:52 am

Исламот порачува, некогаш и наредува, а и самата човечка природа бара да се засноваат фамилии. Основа на зачетокот на фамилијата е брак. Не ретко бракот се замислува како полјана преполна со различно цвеќе кое ќе го береме до крајот на животот.


Навистина, кога и сами ќе се увериме дека тоа навистина не е така, се појавуваат проблеми, кој зависно од ситуацијата се решаат некогаш побрзо, а некогаш уште толку се комплицираат. Обично сите зборуваат за самите проблеми, додека приоритетно е прво да се зборува за причината за нивните појави, т.е. превентивата, или како што вели медицината – подобро да се спречи одколку да се лечи. Неправедно е за појавата на проблемот да се обвинува само едната или другата страна, мажот или жената, затоа што двете страни носат одговорност, некоја повеќе, некоја помалку.


Куранот вели: „И еден од доказите Негови е, тоа што за вас, од вашиот вид, создава жени покрај нив да се смирите...“ (Ер- Рум, 21)


Ајде накратко да се дружиме со овој ајет и да размислиме за неговата поука. Од него се учи дека жената е создадена од мажот и дека дел од него, односно дека е тесно поврзана за него и дека мажот не е во можност да формира заедница без жената. И колку и да некои сакаат да докажат дека жената е од “шејтанска“ природа, идирекно тоа и за самите себеси си го тврдат.


Другиот дел на ајетот е изразено интересен, за она за што зборуваме. Ајетот јасно зборува дека мажот го наоѓа смирувањето кај жената. Во спротивно, ако го нема или му биде ускратено, ќе се појават негативни ефекти од негова страна. Ајде да кажеме дека тоа е еден вид на негова зависност од “женскиот свет“. Од таа причина исламот ги заострил мерките по прашањето на одбивањето на постелата од страна на сопругата, а исто така му наредил на мажот да не ја напушта постелата се додека жената не ги задоволи своите потреби.


Човековиот спокој покрај жената не е само во сексуалната природа, туку и на едната и на другата страна им е потребен некој на кој можете да го потпрете своето рамо и со него да ја поделите секоја вид на радост или жалост.


Сестро муслиманко, знај дека ти си кралица на својот дом, доколку тоа навистина би сакала да бидеш. Рака на срце, честопати повод за проблемите е всушност жената поради некој безвредни работи од типот, каде беше, со кој беше и.т.н.


Жената е таа која ја контролира ситуацијата во својот дворец и каков и да биде, таа треба да го направи дворец.


Мажот сака да се чуствува почитуван и ценет и да се прашува за она што се случува околу него. Иако твојата улога и твојот труд не смеат да се занемарат, мораш да разбереш дека твојот маж само што го поминал денот со разни луѓе и дека можеби десет или повеќе часови трпел разни тортури, за да вие дома би можеле да уживате.


Зарем е тешко на тоа да се додаде малку почит!? Многумина ќе речат: „ А зарем и мојата работа не треба да се цени!? Се сложувам! Но, ти ја контролираш ситуацијата, па направи го првиот чекор. Обиди се да го дочекаш со пријатна насмевка, слатко прашање, од типот: како си ми, што има, како помина и сл. Да го прашаш за неговите желби, јадење или кафе? Со тој краток вовед ситуацијата веќе е во твои раце. Остави го тоа така да тече, и пушти го тој сам да ти се “отвори“, можеби и пожали, па ако слушне некој утешен збор, ти сугурно си успеала.


Нека твојот однос трае така еден период, па после тоа ќе дојде и она што ти го сакаш – да се воочи и твојот труд. Прашај го како му се допаѓа среденоста на куќата, дали има тој нешто да предложи и сл., па и тој ќе почне да ги забележува промените кој ги правиш. Некогаш со кафе можеш да кажеш дека многу си работела, колку си уморна и така и тој ќе почне да ги цени твоите обврски и доприносот во подигањето на фамилијата.


Обиди се да му ја исполниш желбата, на пр. да ја смириш ситуацијата во домот кога сака малку да се одмори и сл.


Е сега можеби некој овде ќе приговорат, а зошто пак јас тоа да го правам?


Па одговорот ти е едноставен – многу брзо ти се ќе си “наплатиш“.


Поголемиот број на мажи “паѓаат“ на такви работи па ќе уследат подароци, излегувања, разноразни угодувања и друго.


Па зарем не се исплатува?


Куќата во која ситуацијата се контролира на ваков начин е куќа во која ретко се слуша кавга, па и ако се појави, многу бргу исчезнува доколку жената знае малку да замолчи, и повторно ќе се слушнат убави зборови.


Па зарем не се исплатува?

Ти ја формираш ситуацијата во својата куќа, па реши сестро, дали сакаш да бидеш кралица во својот дворец или обична слугинка на која ќе се истресува секој минувач?
Na vrh Go down
 
BIDI KRALICA VO SVOJOT DOM !
Na vrh 
Stranica 1/1

Permissions in this forum:Ne možete odgovoriti na teme ili komentare u ovom forumu
Ehli.Sunnet.Sisters :: MAKEDONSKI JAZIK-
Idi na: