Ehli.Sunnet.Sisters
Ehli.Sunnet.Sisters
Ehli.Sunnet.Sisters
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ehli.Sunnet.Sisters

Хуманитарност, Повикување во вистината, Учење Куран...
 
HomehumanitarnostGalleryTražiLatest imagesRegistracijaLogin
********HUMANITARNOST*******POVIKUVANJE VO VISTINATA******UCENJE KUR,AN******HUMANITARNOST******POZIVANJE U ISTINI******UCENJE KUR,AN******

 

 AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI)

Go down 
AutorPoruka
Ehli_Sunna_Sister
Admin
Ehli_Sunna_Sister


Број на мислења : 136
Points : 388
Reputation : 2
Join date : 2010-05-24

AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI) Empty
KomentarNaslov komentara: AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI)   AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI) Icon_minitimeTue Jun 01, 2010 3:01 pm

Бисмилахир-рахманир-рахим (во името на Аллах, Милостивиот, Семилосен)


Секој човек постојано треба да настојува да биде корисен за себе и за средината во која живее, а да биде корисен за себе и за останатите пред се мора да поседува добра и благодарна душа и срце. Треба што повеќе да се труди да го украси своето битие со добро, исправно и позитивно однесување. Накратко неговиот став ќе биде исламски и за себе и за средината, бидејќи ќе биде во согласност со исламското учење.
Поради тоа се развила посебна наука чија цел е човекот, во морална-етичка смисла, да биде посовршен и свесно да настојува да биде корисен за себе и за другите на овој свет и за ахирет.

Таа наука се вика ахлак (морал)

Ахлакот се дели на два дела:
1.ахлаки-хамиде- пофални, добри, позитивни својства;
2.ахлаки-земиме- лоши, негативни својства.

Секој муслиман и муслиманка треба со цела своја сила треба да се бори да го облагороди своето срце со убави и позитивни својства и по секоја цена да го заштити и исчисти своето срце од негативните особини. Поради тоа сите треба да му упатуваме дови на семоќниот Аллах, џ.ш., и да се моли за помош на тој пат. Иако самиот Мухамед а.с поседувал најсовршен ахлак сепак Го молел Семоќниот да го упати и да му помогне да поседува најубаво однесување.


-Важноста на ахлаки-хамиде

Од колкава важност е ахлаки-хамиде мозе да заклучиме од следниве хадиси на Мухамед а.с.:
"Кој поседува добар ахлак јас му гарантирам место во џеннетот"
"Навистина најмили и најблиски на судниот ден ке ми бидат оние кои поседуваат најдобар карактер"
"Муслиманот со добар ахлак во џеннетот ќе добие дереџе (степен) онолку колку што ќе добие и оној што постојано постел дење, а ноќе правел ибадет"

Најдобриот иман е на оној кој поседува добар ахлак. Од Куранот и од повеќето хадиси се гледа дека ахлакот е цврсто покрај иманот. Кога некој го прашал Пејгамберот што е иман, тој му одговорил "Иманот е стрпливост и дарежливост" во една прилика на асхабите им рекол "Сакате ли да ве научам кои својства се најдобри за овој свет и за ахирет?: да се посети оној кој те напуштил; да му се даде на оној кој не ти дал ништо; да му се прости на оној кој ти направил неправда".
Како што душата е во тесна врска со срцето, така и иманот е во нераскинлива врска со срцето и душата. Оној чија душа ќе се пресели со светлина на иманот, таа среќа ќе помине низ Алеми-берзах ( време од часот на смрта до часот на општото проживување Судниот ден), а на ахирет ќе ужива во вечна среќа.

Аллах џ.ш. вели: " Кажи, Ако ви се татковците ваши, и децата ваши, и браќата ваши, и жените ваши, и родот ваш, и имотот ваш кој го спечаливте, и трговијата за која се плашите дека ќе пропадне, и местата ваши со кои сте задоволни... помили од Аллах џ.ш. и од Пејгамберот Негов и од борбата на аллаховиот пат, тогаш причекајте додека не дојде наредбата од Аллах! А, Аллах не го упатува народот расипнички!"

"Да, верници се оние кои, ако се спомне Аллах, им се тревожат срцата, а ако им се кажуваат ајетите Негови, им се зголемува верувањето и се потпираат на својот Господар."(Енфал, 2)

"Зар мислат луѓето ќе речат веруваме, а да не бидат ставени во искушение?"

"Ние ги ставивме во искушение и оние пред нив. Аллах сигурно ги познава добро оние кои вистина зборуваат и оние кои лажат" (Анкебут, 2,3)

"Тешко на секој лажго и грешник! Ги слуша ајетите на Аллах што му се кажуваат, потоа станува надуен, ете, како да не ги слушнал. Па, извести го за казната болна! ( Ел-Џасие, 7,Cool

"... или зар мислите оние кои работат злодела дека ќе ни се скријат? Е, само колку е лош начинот на кој просудуваат!"

Кој сака да ги исполнува своите должности и да биде спасен, треба да го има на ум следново:

- дека Аллах џ.ш не гледа каде и да сме;
- дека покрај нас постојат мелеци кои непрестано не следат и го бележат се она што го работиме ( било добро, било зло );
- дека иманот го напушта секој што ке реши да направи голем грев (харам) се додека откаже од него. Ако во таква состојба умре тој би умрел без иман. А да се умре без иман претставува најголема опасност и несреќа! Аллах да не сочува од такво нешто! Амин!

Кој верува дека Аллах џ.ш го гледа и мелеките го следат постојано, тој не може ни да помисли дека во Аллаховата присутност може да направи некое лошо дело.

Аллах џ.ш вели:

"И покрај тоа што ќе се гледаат меѓу себе. Силникот ќе посака на тој Ден да ја откупи казната со синовите свои, и со зената своја, и со братот свој, и со семејството свое што го штитеше, и со се што е на земјава, ете само потоа да се спаси." ( Ел-Ме'ариџ, 11,14 )

Ниет- намера, настојување, желба, одлука

Ниетот произлегува од срцето и тој има големо значење. Како што делата се врзани за иманот, така се врзани и за ниетот.
Мухамед а.с рекол:" Сите работи зависат од ниетот. На секој човек му припаѓа она што го наумил". ( еве еден пример: Човекот кој ќе изврши хаџ заради хаџиската чест, углед или туризам, тој е хаџија кај народот, но не и кај Аллах џ.ш., а човекот кој има чист ниет, па нешто ќе го спречи и нема да изврши хаџ, тој е хаџија кај Аллах џ.ш. без оглед на тоа што луѓето не го сметаат хаџија. Ова правило важи и за сите други работи ).

Аллах џ.ш вели:" Оној кој го посакува овој свет, ние му го даваме она што го сакаме, она што е минливо, а, потоа, ќе му одредиме Џехенем во кој ќе биде пржен, потценет и напуштен! А оној кој го посакува оној свет и кој тежнее кон него, кој е верник... е, па, на таквите тежнеењето нивно е благодарно!" ( Ел-Исра 18,19 ).

Љубов спрема Аллах џ.ш

Аллах џ.ш. вели:" О верници! нека не ве одвратат од спомунувањето на Аллах ниту имотите ваши ниту децата ваши. А, кој тоа ќе го направи... па, таквите се поразени!" ( Ел-Мунафикуун 9 ).

" И имотите ваши и децата ваши се искушение, навистина! Кај Аллах џ.ш. наградате е најголема!" (Тегабун 15 ).

Мухамед а.с рекол:" Никој од вас нема да поседува вистински иман се додека не го сака Аллах и неговиот пејгамбер подобро од се друго".
Во својата љубов спрема Аллах џ.ш. треба да бидеме како дете спрема својата мајка: штом е отсутна ја вика и ја бара и со ништо друго не може да се смири освен со присуство на својата мајка. така и ние во секоја состојба и одејќи, и седејќи, и стоејќи, и лежејќи, и работејќи, треба да го почуствуваме Аллах џ.ш. и да го спомнуваме изговарајќи одбрани зборови како: Аллах, Ла илахе иллеллах, Субаханеллах и слично. Се додека се наоѓаме во зикр нема да залутаме, нема да скршнеме од вистинскиот пат, зашто, всушност, се наоѓаме во ибадет.

Љубов спрема Куранот

Курани-керим е последна Божја објава. Откако постои светот, немало а ниту ќе има подобра и повредна книга.
За да укажеме на неговата безмерна вредност, најдобро е да се послужеме со зборовите на Возвишениот Аллах џ.ш и зборовите на Неговиот Пејгамбер Мухамед а.с.
Курани-керим е толку вреден што и самиот Аллах џ.ш се колни во него:
" Се колнам во Куранот мудар ти си навистина еден од пејгамберите!" ( Јасин 2.3 ); дозволува да го допрат само оние кои се чисти: "Да, тое е Куран благороден, во Книгата сочуван! Го допираат само чистите; тој е објава од Господарот на световите!" ( Вакиа 77 ); наредува да се молчи додека се чита Курани-керим " И кога Куранот се чита гласно, слушајте го и не зборувајте за да се стекнете со милост!" ( Адаф 204 ); подвлекува дека тоа е : "Книга во која нема никакво сомнение, патоказ за богобојазливите." ( Бекара, 2 ); "Тоа се ајети на Книгата мудра, упатство и милост за доброчинителите." ( Локман 2-3 ); и предупредува дека тоа е книга објавена на Мухамед а.с.... ( Нехл 89 ) "За оние кои веруваат, Куранот е патоказ и лек." ( Фуссилет 44 )
За значењето на читањето на Курани-керим постојат голем број хадиси. Еве само неколку:

"Куранот е извор на богатство и задоволство кое не може да се постигне без читање на Куранот"
"Кој сака да го сакаат Аллах и Неговиот Пејгамбер, нека чита Куран гледајќи"
"Читањето на Куранот спаѓа во најдобри дела на моите следбеници"
"На родителите од оној кој ќе чита Куран ќе се стави таџ (круна) на главата (во џеннетот) кој ќе блеска посилно од сончевата светлина на овој свет" а потоа рекол: "А што мислиш за оној кој го чита и работи според него"!
"Куранот на Судниот ден најнапред ќе посредува за оние кои го читаат"
"Читајте Куран, зашто Куранот ќе дојде на Судниот ден и ќе се зазема за оние кои го читаат"

Ова што е спомнато сосема е доволно да ни укаже на безмерната вредност на Курани-керим, да развие во нас вистинска и должна почит кон Курани-керим која постојано ќе јакне и живее во нас се додека живееме.
Муслминаите секогаш биле свесни за вредноста што ја содржи Курани-керим. Затоа Куранот е, без никакво сомнение, најпочитувана книга во сите времиња. Освен оваа вистина, дека Курани-керим е единствена Божја објава која не претрпела никаква измена, тој поседува уште неколку особини со кои не можат да се споредат особини на други книги, и кој секогаш ќе останат негови:

- Курани-керим е најчитана книга во сите времиња;
- Курани-керим е книга со најголем број на ракописни примероци;
- Курани-керим е книга со најголем број на печатени примероци;
- Курани-керим е книга со најголем број на луѓе кој го знаат напамет ( хафизи ).

Љубов спрема Мухамед а.с

Нема никакво сомнение во тоа дека Аллах џ.ш го сака Мухамед а.с повеќе од секој друг. Од целиот човечки род Аллах џ.ш го избрал него и го почестил со најголема можна чест, чест да биде последен Пејгамбер. Преку него на човештвото му ја подарил најголемата среќа - Својата последна објава Курани-керим.
Сите муслимани се свесни дека овие факти се сосема доволни да го издвојат Мухамед а.с на посебен степен, на местото кое му припаѓа нему. Затоа муслиманите со сето свое битие го сакаат и почитуваат својот Пејгамбер, Мухамед а.с. Муслиманите, речиси без исклучок и во своја прилика, кога го спомнуваат неговото име, цитираат салавати за него. Тоа е доказ за длабоката почит, оддаденост и благодарност за се што направил за нас и за човештвото воопшто. Тоа е израз на визијата за последниот Божји Пејгамбер, тоа е неговата чест во битието на на муслиманот кој го почитува и му изразува оддаденост со најголема радост, љубов, искреност и восхит. Се работи, всушност, за чиста љубов, за вистинска љубов, која не е нафрлена, која во нашето битие влегува од самото наше раѓање, која во нас ја внесуваат постарите, нашата средина, нашиот начин на живеење, нашето верување, нашето убедување. Сите сме сведоци дека ниеден вистински муслиман нама да го изговори и напише неговото име, а да не ги додаде веднаш општопознатите зборови : "алејхис-селам". Тоа во исламската средина и заедница е толку вкоренето и станало толку познато, што зборовите "алејхис-селам" станале синониме за "последниот Божји Пејгамбер". Не е редок случај да се зборува, па дури и да се пишува само "алејхис-селам" што всушност значи: Мухамед алејхис-селам.
Заради сето ова, секој муслиман чуствува и знае дека покрај љубовта кон Аллах џ.ш. и неговата Книга Курани-керим, неразделиво е врзана и љубовта кон Мухамед а.с. Се работи за љубов од посебен вид. Не се работи за љубов која би претставувала некаков вид на обожавање, зошто во самата основа на исламското верување, спознание и очитување стои дека Мухамед а.с е Божји миленик и последен Божји Пејгамбер. Тоа е љубов која е проникната во бескрајна, безрезервна доверба во неговиот збор и дело, тоа е љубов проникната во вистинска благодарност за се она што ни го направил, што го прави, и за се она што без сомнение ќе прави како вистински посредник на Судниот ден. Се работи за љубов, исполнета со стремеж да бидеме на неговиот пат - пат што го означил Аллах џ.ш како вистински пат. Таа љубов доведува да се биде во близина на Мухамед а.с. Со таа љубов срцата на муслиманите се исполнети со вистинска радост, од таа љубов произлегува посебна светлина, опфаќа посебно расположение тоа е љубов која во вистинските срца буди вистинска, исконска среќа и задоволство. Таа љубов во срцата на неговите вистински следбеници гори во чудесна, незагаслива сила која тие ја постигнуваат на највисокиот степен, а тоа е среќата дека се муслимани.
Човечкиот ум никому не посветил толку топли, длабоки, чуствителни, мудри, благодарни, искрени и образувачки мисли како што мислиманскиот гениј на Мухамед а.с. Нема таков човек а ниту ќе има за кој се пишува и говори со толкава љубов, топлина, почит. На земјава не зачекорил авторитет рамен на него, а нема, без сомнение, ни да зачекори. Сите знаеме дека веќе многу векови, во сите исламски средини и на сите нивоа, со вистинска грижа, најголема почит и достоинство, како посебно драга свеченост, се извршува свеченоста по повод неговиот роденден. Кој не знае што е тоа мевлуд!
Но, како и вообичаено, и тука ќе се повикаме на Курани-керим со немара и желба да укажеме и да докажеме дека се што човекот рекол и напишал за последниот Божји Пејгамбер Мухамед а.с со силата на својата одлучност, со снагата на својата сериозност, признавање, во суштина, е безбедно доколку се спореди со она што го рекол Аллах џ.ш за него во својата книга.
Еве само неколку ајети:

" Пејгамберот, за верниците е поблиску од нив самите." ( Ахзаб 6 )
" и како повикувач, со одобрението Негово, и кон Аллах и како светилка што осветлува." ( Ел-Ахзаб 56 )
" О Пејгамберу! Ние, навистина, те испративме како сведок, и како радосник, и како опоменувач." ( Ел-Ахзаб 45 )
" Се колнеме во својот живот тие, навистина, талкаат во пијанството свое." ( Хиџр 72 )
" И Ние те испративме само како радосник и опоменувач." (Ел-Фуркан 56)
" Оние кои се послушни и на Аллах и на Пејгамберот Негов, и кои стравуваат од Аллах и кои изразуваат богобојазливост кон него... тие се, навистина, победници!" ( Ен-Нур 52 )
" Во Пејгамберот, навистина, имате убаф пример." ( Ахзаб 21 )
" И Ние те испративме само како милост за световите." ( Ел-Ембија 107 )

Нека не ми се замери што ќе замолам да се размисли добро за сите овие ајети и нивната порака да се свати и запамети најсериозно!!!

Да се повикува на добро, а да се спречува зло

Да се повикува на добро, а да се спречува зло е Божја наредба. Аллах џ.ш тоа го наредува со следниве зборови:

" Нека една дружина од вас повикува кон добро: нека наредува добро и нека забранува зло. Таквите, токму, се спасени!" ( Али Имран 104 )

Во една прилика Мухамед а.с рекол: " Аллах џ.ш му нареди на еден мелек да сруши еден град. Тогаш мелекот рекол:- Меѓу жителите на градот има еден твој верник кој не погрешил ни колку трепет на окото. На тоа Аллах возвратил:- Струшиго и врз него и врз нив, бидејќи тој никогаш не се налутил поради нивната постапка."

Од овие зборови на Аллах џ.ш и Мухамед а.с гледаме дека Аллах силно ни нареди да упатуваме кон добро, а да спречуваме зло. На оној кој ја исполнува оваа Божја наредба му се ветени големи награди во вечниот живот ( Ахирет ).

Својста кои треба да се поседуваат и развиваат


Настојување да се постигне халал заработка и издршка

Кој посакува неговата заработка да биде чесна и халал треба да се чува од следново:

- без оправдување да не доцни на која било должност;
- со својата работа да не вознемирува никого;
- да се сочува себеси и своето семејство од харам; а не по секоја цена да има за цел да го зголеми имотот и да постигне стандарт;
- да не претерува во работата;
- да не смета дека нафаката е само од неговиот труд туку од Аллах џ.ш.

Ебу-л-Лејс ес- Самапканди, автор на делото "Тенбиху-л-гафилин" го препорачал и следново:

- работата која ја работиме треба да биде дозволена според исламските прописи;
- во работата не смееме да лажеме и да обмануваме;
- не смееме да мереме неизправно;
- во текот на купопродажбата не е дозволено криво колнење;
- не смее да се присвојува она што е туѓо;
- никому не смее да му се нанесе штета;
- не смее да се однесува грубо со животните со кои се работи, ниту пак е дозволено да се оптеретуваат многу.

Да се издржува самиот себе си и своето семејство со чесна заработка е нешто најдобро и најубаво и тоа е темел за секој хаир и напредок.

Стрпливост (сабур)

Стрпливост е извонредно почитувани и пофални особини. За стрпливоста се зборува на многу места во Куранот. Тука ќе наведеме само два курански цитати за стрпливоста, бидејќи и тоа е сосема доволно за да се укаже на вредноста на оваа особина и нејзината цена кај Аллах џ.ш.

"А, оној кој поднесува и кој простува...ете тоа, навистина, е работа голема!" (Шура 43)
"Ние искушиме, сигурно, со неколку работи: и, со страв, и со глад, и со губење на имотот и животот и летнините...но, зарадувај ги трпеливите, оние кои, кога ќе ги снајде некаква несреќа, велат: "Ние сме, навистина, Аллахови и Нему ќе Му се вратиме!"
"Се спуштаат благослови врз нив, од Господарот нивни, и милост, и тие, токму, се упатени." (Бекаре 155-156)

За оваа убава особина постојат и голем број хадиси. Ќе спомнам само четири:

"Во сабурот е овосветското и оносветското добро. Стрпливоста е клуч на спасот"
"Стрпливоста во однос на иманот е како главата во однос нна телото. Нема испарвно верување оној кој не поседува сабур".
"Оној кого ќе го задеси некаква материјална неволја или нешто слично, па ќе се стрпи за тоа и никому нема да му се пожали, сигурно е дека Аллах ќе му ги прости помалите гревови".
"Најголем јунак е оној кој ќе се совлада себеси кога ќе се налути, а најблиску до Аллах џ.ш е оној кој ќе прости, а има можност да казни".

Благодарност (шукр)

Аллах џ.ш многу ги почитува оние кои Му се благодарни. Тој во Курани-керим вели:
"Да, ако сте благодарни, ќе ви зголемам."(Ибрахим 7)

Мухамед а.с рекол:" Оној кај кого ќе се најдат овие две својства, Аллах ќе го вброи меѓу своите благодарни, стрпливи и на Бога оддадени луѓе, а кај кого нема да се најдат нама да го вброи меѓу нив.Кој во поглед на верувањето гледа во подобриот од себе (или повеќе побожниот од себе) па ќе го земе како пример и ќе почне да работи како што работи тој, и: кој гледа посиромашни од себе, па ќе му се заблагодари на Аллах џ.ш за неговиот имот

Надеж ( реџа' )

Старото, но секогашсовремено правило на исламското учење дека животот на муслиманот треба да се одвива "меѓу страв и надеж" го насочува муслиаманот, навистина, кон позитивна насока.Тоа поучува дека човекот никогаш не треба да губи од предвид што може да се случи, каква казна може да добие доколку не се сложува со Божјите наредби, но тоа правило истовремене не поучува дека човекот, без оглед на тоа колкав е грешник не треба никогаш да губи надеш во Божјата милост, во неговиот рахмет. Ако го има тоа на ум, тогаш вистинскиот муслман никогаш нема да се најде во состојба на вообразеност, никогаш нема толку да се занесе, па да не размислува за своите постапки и нивните можни последици, но тој исто така никогаш нема да се најде во состојба, на очајување, изгубеност, безнадежност и безизлезност.
Дека се работи за многу значајна воспитна карактеристика за внатрешниот мир и за вистинската ориентација на муслиманот, најдобро ни докажува Курани-керим:

"O робови мои, вие, кои згрешивте против себе, не губете надеж во милоста на Аллах! Аллах, навистина, ги простува сите гревови. Он, навистина, е простувач и Сомилосен!" (Зумер 53)

И рече:" Само скршнатите во заблуда немаат надеж во Господарот негов!" (Ел-Хиџр 56)

А малку има возрасни муслимани кои не слушнале за оној хадиси-шериф чиј превод гласи "Моето зазамање пред Аллах џ.ш на Судниот ден ќе биде за тешките грешници од мојот уммет."

По овие курански ајети и овој хадиси-шериф, уште појасна ќе ни биде суштината и смислата на исламското учење дека животот на вистинскиот муслиман треба да се одвива низ неговото траење помеѓу стравот и надежта т.е помеѓу стравот од казна која можеме да ја заслужиме со нашите постапки кои се во спротивност со исламското учење и надежта во Аллаховата милост, без оглед на тоа колкави грешници сме. Ова не поучува истотака дека не смееме да дозволиме да ни се случи тешка несреќа, да не снајде смртта, а да не направиме искрено каење кое во животот на муслиманите зазема значително место. Тоа е онаа тевба која ни пружува крајна надеж и можност очистени во својата душа и својата свест да го напуштиме овој менлив живот, овој менлив свет.

Задоволство (рида')

И ден-денес може да се слушне од постарите дека не е богат оној кој поседува многу имот, многу пари, туку оној кој е задоволен со она што му го дал Аллах џ.ш.
Животот секојдневно ја потврдува обаа мудрост, оваа голема стара вистина. Сите сме сведоци дека меѓу многу богатите луѓе има такви кои не се задоволни, кои се несреќни, гладни и луѓе кои се задоволни и среќни, кои се дарежливи, кои не се гладни и завидни. Да се биде задоволен со она што ти го дал Аллах џ.ш навистина е голема среќа и голем Негов подарок; Поголем од какво било богатство без задоволство. Зашто никогаш не мозе да се спореди со мирот на душата и срцето. А еден од главните услови човекот да се стекне со тој мир во своето срце е токму внатрешното задоволство.
За вистинскиот муслиман воопшто не е тешко да се стекне со внатрешен мир. Во сура... Тевба 51 ајет, во превд гласи:" Кажи :- ќе ни се случи само она што ни го одреди Аллах. Он е наш заштитник. Верниците нека се потпираат на Аллах!"
Мухамед а.с рекол:" Не е богат оној кој има многу богатство, богат е оној чија душа е богата." ( Мухаммед Ариф, Бинбир хадис бр. 678). А преводот на 402 хадис, во истата збирка гласи:" Да му се заблагодарува на Аллах на неговите благодати значи да се обезбеди нивното траење".








Na vrh Go down
Ehli_Sunna_Sister
Admin
Ehli_Sunna_Sister


Број на мислења : 136
Points : 388
Reputation : 2
Join date : 2010-05-24

AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI) Empty
KomentarNaslov komentara: Re: AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI)   AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI) Icon_minitimeTue Jun 01, 2010 3:04 pm

Потпирање на Аллах џ.ш (тевеккул)

Потпирањето на Аллах џ.ш претставува драгоцена особина која го краси целото битие на вистинскиот верник.
Тоа не е никакво фаталистичко учење или сваќање за животот. Напротив, тоа е реалност, длабока и смирена реалност, зад која стои, нашето верување, нашето цврсто убедување, нашето настојување и труд. Зошто муслиманот има потполно право да се потпира на Аллах џ.ш дури тогаш кога тој сам, од своја страна, ќе направи се што може да направи. Сосема е познат и поучен случајот на еден арап кој дошол во Медина, да го праша нешто Пејгамберот а.с. Според прашината на облеката Пејгамберот заклучил дека тој човек е странец, па го прашал каде му е камилата. Кога дојденецот одговорил дека камилата ја пропуштил на Аллах џ.ш да ја чува, пејгамберот ги изговорил овие зборови:" Кајјид ве тевеккул!" (Бинбир хадис бр. 602), а тоа значи:" Врзија па потоа потприсе на Аллах!", т.е кога човекот од своја страна ќе направи се дури тогаш има право да се потпре на Аллах џ.ш и да се надева на Неговата помош, Неговата заштита.
Во Куранот има многу места во кои се зборува за тевеккул:

" Одлуката, навистина, е- Аллахова! Се потпирам на Него, а на Него нека се потпираат оние кои, токму се потпираат." ( Јусуф 67)
Кажи:" Аллах за мене е доста. На Него се потпираат оние кои се потпираат!"(Зумер 38)
" А, оној кој се потпира на Аллах - Та, Он му е доста."(Талак 3)

"Toгаш потпирајтесе на Аллах ако сте верници!" (Ел-Маида 23)
"A кога ќе решиш нешто потприсе на Аллах!"( Али Имран 159)

Ова се само неколку ајети од Курани-керим. Иако не е потребна да се додава нешто на ова, сепак ќе завршиме со уште еден хадиси-шериф од збирката (Бимбир хадис 845), а неговиот превод гласи:" Кој сака да биде најјак човек нека се потпира на Аллах."

Срам (хаја')

Срамот е еден од оние прекрасни регулатори во природата на секој човек кој го зауздува, го чува и штити од се што е неморално и срамно. Тоа својство кое, со право, се цени високо во сите религии, во сите филозофии. Затоа не треба да зачудува затоа што му се посветува посебно внимание на ова својство во Исламот. Тоа најдобро ќе го докажеме и поткрепиме со неколку хадиси-шерифи. Во четвртиот том на Бухари збирка на хадиси издадена во Истанбул на 1996, под ред.Бр 1484, се наоѓа овој хадиси-шериф, што ни го пренесува Ибн Месуд р.а.: "Аллаховиот Пејгамбер рече: Од зборовите од последните пејгамбери кои допреја до нас се и следните: Ако не се срамиш, тогаш работи што сакаш! А Мерхум Мухаммед Ариф, во својата збирка "Бинбир хадис", под бр. 406 го донесува хадисот чии превод гласи: "Срамот донесува само добро" а под бр. 407 "Срамот е составен дел на иманот".
Имајќи ги на ум уште два хадиса од кои првиот гласи:"Кој не се срами од луѓето, тој не се срами ни од Аллах", и другиот:" Лицето кое не поседува срам, тоа не поседува ни вистинско верување". Овде најдобронамерно би ве предупредил на едем момент од подрачјето на интимниот живот на поединецот. Срамот е особено позитивен кога се во прашање интимните, брачните односи и должности. Лицето кое е во брак не треба никому да кажува за својот интимен, брачен живот. Во случај на потреба, тука е, фала му на Аллах џ.ш... лекарот. Само нему треба да му се обрати човекот кој има проблем или бара помош. Во секој друг случај тоа е грев. Знаеме дека таквите постапки можат да доведат до непожелни, неретко и трагични последници: страст, озборување, љубомора, вреѓање, омраза, развод на бракот па дури и убиство. Од колкава важност е тоа, веќе нека ни покаже и следниов хадис:" Харам е да се фали поради полната моќ".
Вистина е дека во нашите семејства овој момент на вистинска етика е негуван со должна грижливост. Спомнатите цитати само ја докажуваат оправденоста на овој страв, неговата цел и потреба и поматаму да си негува со вистинската грижа.

Совладување на лутината

Сите ние, барем некогаш сме биле во ситоација да жалиме поради нешто што сме го направиле или рекле во лутина.
Позната е работата дека човекот кога е во лутина не ги контролира своите постапки како што треба, не реагира нормално и многу често постапува поинаку а не како што треба да постапи.
Исламот со своето учење им наредува на своите следбеници нормален однос кој својата околина, нормални и промислени постапки, па затоа не е чудо што се работи за благородно семејство според исламско учење, во исто време ценето и почитувано. Курани-керим за тоа вели:

" И побрзајте кон простувањето од вашиот Господар и кон Џеннетот што се простира колку небесата и земјата подготвен за богобојазливите." ( Али Имран 133-134)

И тука ќе се послужиме со неколку хадиси, затоа што тоа е најпоуздано и најповикано сретство за толкување и разбирање на она што е спомнато во Куранот во кратки црти:

- Не е јунак оној кој поседува физичка моќ, туку јунак е оној кој владее со себе кога е лут. (Бинбир хадис, бр. 676)
- Најголема Аллахова награда му припаѓа на човекот кој ќе ја совлада својата лутина во Негово име (поради љубовта кон него).(Бинбир хадис бр.723)
- Кој ќе ја ублажи својата лутина Аллах од него ќе ги отстрани страдањата, а кој води сметка за она што го зборува, Аллах ќе ја покрие неговата слабост. (Бинбир хадис бр.831)
- Немој да се лутиш.(Бинбир хадис бр.963)

Лутината, и тоа исклучително и само во еден случај, е дозволена за муслиманот, само тогаш кога е повредена верската должност, кога е навреден ставот, принципот или категоријата на исламското верување. Мухамед а.с., во врска со ваквата можност рекол:
" Оние кои се лутат поради неправдата од верски причини и чувства се подобри од оние кои не се лутат"

Страв од Аллах џ.ш

Ова прекрасно својство кое претставува составен дел на исламското верување, безусловно мора да се најде во срцето и иманот на секој муслиман и муслиманка, бидејќи го штити од сите негативни постапки и во секој момент го предупредува дека Аллах џ.ш. гледа се. Без стравот од Аллах џ.ш нема ни вистинско верување ни вистински верник. Ова својство зазема многу значително место во севкупноста на нашето верување. Страв од Аллах џ.ш или подобро кажано страхпочит треба добро да се разликува од кој било друг вид, природа или причина на страв. Тие видови на страв, според исламското учење, остро се разликуваат.
" A, за оној што се плаши од стоењето пред Господарот свој ќе има две градини Џеннетски." (Рахман 46)
"A, оној кој се плашеше од стоењето пред господарот свој и кој на душата страстите и ги забрануваше... па, за него, џеннетот прибиралиште ќе му биде!" (Ен-Нази'aт 40,41)

E па, зарем оној кој знае дека она што ти е објавено од страна на Господарот свој е како оној кој е слеп, се опоменуваат како даруваните со разбир! Оние кои го одржуваат ветувањето кон Аллах и кои не го прекршуваат договорот, оние кои не се одвојуваат од она што го нареди Аллах кој се стамени, врз тоа се:

"Се плашат од Господарот свој и стравуваат од тешката казна." (Ер-Ра'д 19,21)
"На Аллах му се поклонува се она што е на небесата и на земјата - се што е живо. А и мелеките кои се плашат од Господарот свој кој е над нив и го работат она што им е наредено." (Нахл 49,50)
"Само шејтанот ве заплашува, навистина, со неговите заштитници.Па не плашетесе од нив туку, ако сте веринци, плашетесе од Мене!"(Али имран 175)
"Наградата нивна е кај господарот нивни: џеннетски градини на Адн низ кои течат реки и во нив занавек ќе останат. Аллах ќе биде задоволен од нив, а и тие ќе бидат задоволени од Него. Ете тоа е за оној кој се плаши од Господарот свој!" (Ел-Бејјине Cool
"Џамиите на Аллах навистина, ги градат оние кои веруваат во Аллах и во Денот суден и кои клањаат намаз, и кои даваат зекеат, и кои стравуваат само од Аллах. Па, тоа се токму, упатените!" (Ет-Тевбе 18)

Постои значителен број на хадиси кои зборуваат за стравот од Аллах џ.ш еве само неколку:

"Кога верничкото срце ќе затрепери поради стравот од Аллах џ.ш тогаш од него паѓаат сите гревови како лисјата од дрвото" (Ихјау-л-улум, св.4 стр.165)

На исто место се наоѓа и следниов хадиси-шериф:

"Кој стравува од Аллах, од него стравува секој створ, а кој стравува од некој друг Аллах ќе одреди тој да се плаши од се"

Ова излагање ќе во завршам со овој хадиси-шериф кој гласи:

"Во џеххенем нема да влезе оној кој заплакал поради стравот од Аллах"

Дарежливост (сеха')

Сите религии препорачуваат дарежливост, а ги осудуваат тврдоста и скржавоста. Исламот тоа посебно го подвлекува. Тој оди толку далеку што некои давачки ги направи образувачки за секој свој припадник; некои давачки се, пак, задолжителни само за богати муслимани. Бидејќи секоја од овие давачки ја вклучува дарежливоста, тогаш не е тешко да се воочи, како го препорачува, како го одгледува и вреднува. И во оваа прилика ќе се послужеме со хадиси-шерифи, зошто во нив е содржината и оценката и вредностите, како и и последиците на оваа особина. Еве неколку такви хадиси-шерифи:

- Дарежливиот човек е близок на Аллах, близок на народот и близок на џеннетот, а далеку од џехеннемот. А скржавиот е далеку од Аллах, далеку од луѓето и далеку од џеннетот, а близок на џехеннемот.
- Садаката ги поништува малите гревови исто како што водата го ништи огнот.
- Садаката го штити и чува човекот од седумдесет несреќи.
- Не е вистински верник оној кој ќе легне сит, а знае дека комшијата заспал гладен.

Ова излегување ќе го завршиме со овој прекрасен хадиси шериф:

- Дарежливоста е џеннетско стебло чии гранки допираат до овој свет и кој ќе се фати за таа гранка, таа ќе го огнесе во џеннет. Скржавоста, пак, е џехеннемско стебло чии гранки допираат до овој свет и кој ќе се фати за таа гранка, таа ќе го однесе во џехеннем. (Бинбир хадис бр. 488)

Праведност ( 'адл)

Оваа ценета човечка особина која е посакува секој човек, за која се бори секој од нас и која секој упорно и внимателно ја присвојува Курани-керим ја спомнува на многу места. Овде ќе спомнеме само неколку цитати од кои се гледа дека Аллах џ.ш ја наредува праведноста. Не може да се замисли исправен верник човек во чија душа не постои почит кон праведноста и свест за нејзината висока вредност и место кај Возбишениот Аллах џ.ш, неговиот Пејгамбет и конечно кај сите луѓе.
Еве ги тие курански ајети:

"И кога ќе зборувате, бидете праведни, па дури и да се работи за ваш роднина." (Ен'ам 152)
"... и кога кога ќе судите меѓу луѓето да судете праведно." (Ниса 58)
"Наредено ми е да судам праведно меѓу вас; Аллах е и Господар наш и Господар ваш." (Шура 15)

Да размислиме добро за значењето на куранските ајети со кои хатибот во петок во нашите џамии, на џума намаз, ја завршува хутбата! Да се замислиме малку па ќе видеме дека тоа има свое длабоко оправдување. Да размислеме за овој ајет кој гласи:

" Аллах , навистина , наредува и праведност, и добротворство, и да им се дава на ближните, и да се забранува зло, и срамно дело, и насилство. Аллах ве советува за да се опоменете!" (Нахл 90)

Доброчинство спрема живите битија

Исламот како Аллахова вера, благородна и човечна до крајна можна мера многу јасно и недвосмислено каков треба да биде човекот кон другите битија. Според исламското ученје, забрането е да се убива животно кое не нанесува штета, а ако тоа сепак се направи, а тогаш оној кој ќе го направи ќе одговара за тоа на Судниот ден. Исламот строго забранува фрлање во оган што било живо, односно мачење во оган. Тој категорично изабранува и предизвикување борба меѓу животните (на пример борба помеѓу петли, волови, бравови). Тој строго забранува и гаѓање во жива мета, малтретирање животни со глад, жед и слично.
Мухамед а.с. во повеќе наврати го кажал својот суд за ова.
Тука ќе ги наведеме само овие хадиси-шерифи:

- Бидете милостиви кон се што постои на земјата, па милост кон вас ќе има се што е на небесата.
- Една жена ќе влезе во џехенем само затоа што на својата мачка не и оставила никаква храна, па од глад почнала да јаде трева.
Na vrh Go down
Ehli_Sunna_Sister
Admin
Ehli_Sunna_Sister


Број на мислења : 136
Points : 388
Reputation : 2
Join date : 2010-05-24

AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI) Empty
KomentarNaslov komentara: Re: AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI)   AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI) Icon_minitimeTue Jun 01, 2010 3:05 pm

Ehli_Sunna_Sister (citat):
Потпирање на Аллах џ.ш (тевеккул)

Потпирањето на Аллах џ.ш претставува драгоцена особина која го краси целото битие на вистинскиот верник.
Тоа не е никакво фаталистичко учење или сваќање за животот. Напротив, тоа е реалност, длабока и смирена реалност, зад која стои, нашето верување, нашето цврсто убедување, нашето настојување и труд. Зошто муслиманот има потполно право да се потпира на Аллах џ.ш дури тогаш кога тој сам, од своја страна, ќе направи се што може да направи. Сосема е познат и поучен случајот на еден арап кој дошол во Медина, да го праша нешто Пејгамберот а.с. Според прашината на облеката Пејгамберот заклучил дека тој човек е странец, па го прашал каде му е камилата. Кога дојденецот одговорил дека камилата ја пропуштил на Аллах џ.ш да ја чува, пејгамберот ги изговорил овие зборови:" Кајјид ве тевеккул!" (Бинбир хадис бр. 602), а тоа значи:" Врзија па потоа потприсе на Аллах!", т.е кога човекот од своја страна ќе направи се дури тогаш има право да се потпре на Аллах џ.ш и да се надева на Неговата помош, Неговата заштита.
Во Куранот има многу места во кои се зборува за тевеккул:

" Одлуката, навистина, е- Аллахова! Се потпирам на Него, а на Него нека се потпираат оние кои, токму се потпираат." ( Јусуф 67)
Кажи:" Аллах за мене е доста. На Него се потпираат оние кои се потпираат!"(Зумер 38)
" А, оној кој се потпира на Аллах - Та, Он му е доста."(Талак 3)

"Toгаш потпирајтесе на Аллах ако сте верници!" (Ел-Маида 23)
"A кога ќе решиш нешто потприсе на Аллах!"( Али Имран 159)

Ова се само неколку ајети од Курани-керим. Иако не е потребна да се додава нешто на ова, сепак ќе завршиме со уште еден хадиси-шериф од збирката (Бимбир хадис 845), а неговиот превод гласи:" Кој сака да биде најјак човек нека се потпира на Аллах."

Срам (хаја')

Срамот е еден од оние прекрасни регулатори во природата на секој човек кој го зауздува, го чува и штити од се што е неморално и срамно. Тоа својство кое, со право, се цени високо во сите религии, во сите филозофии. Затоа не треба да зачудува затоа што му се посветува посебно внимание на ова својство во Исламот. Тоа најдобро ќе го докажеме и поткрепиме со неколку хадиси-шерифи. Во четвртиот том на Бухари збирка на хадиси издадена во Истанбул на 1996, под ред.Бр 1484, се наоѓа овој хадиси-шериф, што ни го пренесува Ибн Месуд р.а.: "Аллаховиот Пејгамбер рече: Од зборовите од последните пејгамбери кои допреја до нас се и следните: Ако не се срамиш, тогаш работи што сакаш! А Мерхум Мухаммед Ариф, во својата збирка "Бинбир хадис", под бр. 406 го донесува хадисот чии превод гласи: "Срамот донесува само добро" а под бр. 407 "Срамот е составен дел на иманот".
Имајќи ги на ум уште два хадиса од кои првиот гласи:"Кој не се срами од луѓето, тој не се срами ни од Аллах", и другиот:" Лицето кое не поседува срам, тоа не поседува ни вистинско верување". Овде најдобронамерно би ве предупредил на едем момент од подрачјето на интимниот живот на поединецот. Срамот е особено позитивен кога се во прашање интимните, брачните односи и должности. Лицето кое е во брак не треба никому да кажува за својот интимен, брачен живот. Во случај на потреба, тука е, фала му на Аллах џ.ш... лекарот. Само нему треба да му се обрати човекот кој има проблем или бара помош. Во секој друг случај тоа е грев. Знаеме дека таквите постапки можат да доведат до непожелни, неретко и трагични последници: страст, озборување, љубомора, вреѓање, омраза, развод на бракот па дури и убиство. Од колкава важност е тоа, веќе нека ни покаже и следниов хадис:" Харам е да се фали поради полната моќ".
Вистина е дека во нашите семејства овој момент на вистинска етика е негуван со должна грижливост. Спомнатите цитати само ја докажуваат оправденоста на овој страв, неговата цел и потреба и поматаму да си негува со вистинската грижа.

Совладување на лутината

Сите ние, барем некогаш сме биле во ситоација да жалиме поради нешто што сме го направиле или рекле во лутина.
Позната е работата дека човекот кога е во лутина не ги контролира своите постапки како што треба, не реагира нормално и многу често постапува поинаку а не како што треба да постапи.
Исламот со своето учење им наредува на своите следбеници нормален однос кој својата околина, нормални и промислени постапки, па затоа не е чудо што се работи за благородно семејство според исламско учење, во исто време ценето и почитувано. Курани-керим за тоа вели:

" И побрзајте кон простувањето од вашиот Господар и кон Џеннетот што се простира колку небесата и земјата подготвен за богобојазливите." ( Али Имран 133-134)

И тука ќе се послужиме со неколку хадиси, затоа што тоа е најпоуздано и најповикано сретство за толкување и разбирање на она што е спомнато во Куранот во кратки црти:

- Не е јунак оној кој поседува физичка моќ, туку јунак е оној кој владее со себе кога е лут. (Бинбир хадис, бр. 676)
- Најголема Аллахова награда му припаѓа на човекот кој ќе ја совлада својата лутина во Негово име (поради љубовта кон него).(Бинбир хадис бр.723)
- Кој ќе ја ублажи својата лутина Аллах од него ќе ги отстрани страдањата, а кој води сметка за она што го зборува, Аллах ќе ја покрие неговата слабост. (Бинбир хадис бр.831)
- Немој да се лутиш.(Бинбир хадис бр.963)

Лутината, и тоа исклучително и само во еден случај, е дозволена за муслиманот, само тогаш кога е повредена верската должност, кога е навреден ставот, принципот или категоријата на исламското верување. Мухамед а.с., во врска со ваквата можност рекол:
" Оние кои се лутат поради неправдата од верски причини и чувства се подобри од оние кои не се лутат"

Страв од Аллах џ.ш

Ова прекрасно својство кое претставува составен дел на исламското верување, безусловно мора да се најде во срцето и иманот на секој муслиман и муслиманка, бидејќи го штити од сите негативни постапки и во секој момент го предупредува дека Аллах џ.ш. гледа се. Без стравот од Аллах џ.ш нема ни вистинско верување ни вистински верник. Ова својство зазема многу значително место во севкупноста на нашето верување. Страв од Аллах џ.ш или подобро кажано страхпочит треба добро да се разликува од кој било друг вид, природа или причина на страв. Тие видови на страв, според исламското учење, остро се разликуваат.
" A, за оној што се плаши од стоењето пред Господарот свој ќе има две градини Џеннетски." (Рахман 46)
"A, оној кој се плашеше од стоењето пред господарот свој и кој на душата страстите и ги забрануваше... па, за него, џеннетот прибиралиште ќе му биде!" (Ен-Нази'aт 40,41)

E па, зарем оној кој знае дека она што ти е објавено од страна на Господарот свој е како оној кој е слеп, се опоменуваат како даруваните со разбир! Оние кои го одржуваат ветувањето кон Аллах и кои не го прекршуваат договорот, оние кои не се одвојуваат од она што го нареди Аллах кој се стамени, врз тоа се:

"Се плашат од Господарот свој и стравуваат од тешката казна." (Ер-Ра'д 19,21)
"На Аллах му се поклонува се она што е на небесата и на земјата - се што е живо. А и мелеките кои се плашат од Господарот свој кој е над нив и го работат она што им е наредено." (Нахл 49,50)
"Само шејтанот ве заплашува, навистина, со неговите заштитници.Па не плашетесе од нив туку, ако сте веринци, плашетесе од Мене!"(Али имран 175)
"Наградата нивна е кај господарот нивни: џеннетски градини на Адн низ кои течат реки и во нив занавек ќе останат. Аллах ќе биде задоволен од нив, а и тие ќе бидат задоволени од Него. Ете тоа е за оној кој се плаши од Господарот свој!" (Ел-Бејјине)
"Џамиите на Аллах навистина, ги градат оние кои веруваат во Аллах и во Денот суден и кои клањаат намаз, и кои даваат зекеат, и кои стравуваат само од Аллах. Па, тоа се токму, упатените!" (Ет-Тевбе 18)

Постои значителен број на хадиси кои зборуваат за стравот од Аллах џ.ш еве само неколку:

"Кога верничкото срце ќе затрепери поради стравот од Аллах џ.ш тогаш од него паѓаат сите гревови како лисјата од дрвото" (Ихјау-л-улум, св.4 стр.165)

На исто место се наоѓа и следниов хадиси-шериф:

"Кој стравува од Аллах, од него стравува секој створ, а кој стравува од некој друг Аллах ќе одреди тој да се плаши од се"

Ова излагање ќе во завршам со овој хадиси-шериф кој гласи:

"Во џеххенем нема да влезе оној кој заплакал поради стравот од Аллах"

Дарежливост (сеха')

Сите религии препорачуваат дарежливост, а ги осудуваат тврдоста и скржавоста. Исламот тоа посебно го подвлекува. Тој оди толку далеку што некои давачки ги направи образувачки за секој свој припадник; некои давачки се, пак, задолжителни само за богати муслимани. Бидејќи секоја од овие давачки ја вклучува дарежливоста, тогаш не е тешко да се воочи, како го препорачува, како го одгледува и вреднува. И во оваа прилика ќе се послужеме со хадиси-шерифи, зошто во нив е содржината и оценката и вредностите, како и и последиците на оваа особина. Еве неколку такви хадиси-шерифи:

- Дарежливиот човек е близок на Аллах, близок на народот и близок на џеннетот, а далеку од џехеннемот. А скржавиот е далеку од Аллах, далеку од луѓето и далеку од џеннетот, а близок на џехеннемот.
- Садаката ги поништува малите гревови исто како што водата го ништи огнот.
- Садаката го штити и чува човекот од седумдесет несреќи.
- Не е вистински верник оној кој ќе легне сит, а знае дека комшијата заспал гладен.

Ова излегување ќе го завршиме со овој прекрасен хадиси шериф:

- Дарежливоста е џеннетско стебло чии гранки допираат до овој свет и кој ќе се фати за таа гранка, таа ќе го огнесе во џеннет. Скржавоста, пак, е џехеннемско стебло чии гранки допираат до овој свет и кој ќе се фати за таа гранка, таа ќе го однесе во џехеннем. (Бинбир хадис бр. 488)

Праведност ( 'адл)

Оваа ценета човечка особина која е посакува секој човек, за која се бори секој од нас и која секој упорно и внимателно ја присвојува Курани-керим ја спомнува на многу места. Овде ќе спомнеме само неколку цитати од кои се гледа дека Аллах џ.ш ја наредува праведноста. Не може да се замисли исправен верник човек во чија душа не постои почит кон праведноста и свест за нејзината висока вредност и место кај Возбишениот Аллах џ.ш, неговиот Пејгамбет и конечно кај сите луѓе.
Еве ги тие курански ајети:

"И кога ќе зборувате, бидете праведни, па дури и да се работи за ваш роднина." (Ен'ам 152)
"... и кога кога ќе судите меѓу луѓето да судете праведно." (Ниса 58)
"Наредено ми е да судам праведно меѓу вас; Аллах е и Господар наш и Господар ваш." (Шура 15)

Да размислиме добро за значењето на куранските ајети со кои хатибот во петок во нашите џамии, на џума намаз, ја завршува хутбата! Да се замислиме малку па ќе видеме дека тоа има свое длабоко оправдување. Да размислеме за овој ајет кој гласи:

" Аллах , навистина , наредува и праведност, и добротворство, и да им се дава на ближните, и да се забранува зло, и срамно дело, и насилство. Аллах ве советува за да се опоменете!" (Нахл 90)

Доброчинство спрема живите битија

Исламот како Аллахова вера, благородна и човечна до крајна можна мера многу јасно и недвосмислено каков треба да биде човекот кон другите битија. Според исламското ученје, забрането е да се убива животно кое не нанесува штета, а ако тоа сепак се направи, а тогаш оној кој ќе го направи ќе одговара за тоа на Судниот ден. Исламот строго забранува фрлање во оган што било живо, односно мачење во оган. Тој категорично изабранува и предизвикување борба меѓу животните (на пример борба помеѓу петли, волови, бравови). Тој строго забранува и гаѓање во жива мета, малтретирање животни со глад, жед и слично.
Мухамед а.с. во повеќе наврати го кажал својот суд за ова.
Тука ќе ги наведеме само овие хадиси-шерифи:

- Бидете милостиви кон се што постои на земјата, па милост кон вас ќе има се што е на небесата.
- Една жена ќе влезе во џехенем само затоа што на својата мачка не и оставила никаква храна, па од глад почнала да јаде трева.
Na vrh Go down
Ehli_Sunna_Sister
Admin
Ehli_Sunna_Sister


Број на мислења : 136
Points : 388
Reputation : 2
Join date : 2010-05-24

AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI) Empty
KomentarNaslov komentara: Re: AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI)   AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI) Icon_minitimeTue Jun 01, 2010 3:07 pm

Искреност (ихлас)

Искреноста, според учењето на возвишениот Ислам, треба да биде неминовен придружник на сите добри дела. Исламот не подочува дека сите добри дела треба да се прават во име на Аллах џ.ш и Неговото задовлоство, а не поради нешто друго. Аллах џ.ш ги прима само оние дела кои се искрени и кои се направени во името на Неговиот разилук (задоволство). Во исламската литература забележана е случка која му се случува на еден побожен човек. Имено тој човек, за кого станува збор, ја сфатил вистинската вредност на искреноста, станал повеќе побожен, така што неговата околина го воочила тоа. Долго време по оваа промена - веќе во дlaбоки години - овој човек во една прилика рекол:
" Ги пофторив намазите кои ги клањаф полни триесет годни во првиот саф, а еве зошто: еден ден клањаф во вториот саф, па се усрамиф од луѓето што не стигнав да клањам во првиот саф. Тогаш дознав дека им е мило на луѓето што ме гледаа во првиот саф. Ете, поради тоа ги пофторив, бидејќи не смеев да мислам на луѓето и што ќе речат тие, туку мислев само на Аллах џ.ш"
Исламското учење им препорачува, императивно, и на муслиманите и на сите луѓе дека доброто дело направено поради луѓето спаѓа во дволичност, а дволичноста доведува до многубоштво (ширк).
Тука ќе спомнеме уште нешто што, вон секое сомнение, е познато за секој возрасен муслиман. Во целиот муслимански свет, па и пошироко, е позната изреката на Мухамед а.с. "Делата се ценат според намерата (нијјетот)." Кога знаеме дека Аллах знае се и гледа се, дека Тој не може да се излаже, тогаш ќе видеме колкава вредност поседува искреноста во постапките за самите нас. Овој хадиси-шериф постојано треба да се има на ум, при секое наше дело и намера. Знаејќи дека дволичноста е осудена особина во Исламот, муслиманот ќе се чува од таа особина како од распламтен оган.

Скромност (теваду')

Во основа својството на скромноста и понизноста претставува човечко однесување. Тоа е својство зна ненаметливост, смиреност, својство драго и посакувано од секој кој може да суди самостојно. Тоа е особина спротивна на вообразеноста и надуеноста. Највпечатливи и најсилни примери на понизност може да најдеме во постапките, манирите и ставовите на самиот последен Божји Пејгамбер Мухамед а.с. Еве само неколку карактерни црти кои биле кај него постојано присутни: кога одел, Пејгамберот секогаш гледал пред себе; давал селам и на дете и на возрасен, на белец и на црнец, и на учен и на неучен; се ракувал со секого.
А еве и неколку негови изреки кои го карактеризираат и самиот Ислам, како и суд за благоста, добронамерноста, скромоноста и добрината. овие хадиси-шерифи кои, всушност, претставуваат и став на Исламот, треба да најдат свое место во срцето на секој муслиман, треба да се применуваат во нашиот екојдневен живот. Во нив се наоѓа вистинската ризница на добрина и човечност. Еве ги тие хадиси-шерифи:

- Кога муслиманот ќе сретне муслиман, ќе му даде селам и ќе се ракува со него , тогаш од двајцата паѓаат малите гревови како лисјето од гранките.
- Најголем скржавец е оно кој е скржав во давање селам.
- Аллах навистина е благ па ја сака благоста во се.
- Кога Аллах ги сака членовите на некое семејство, тој ги наградува со блаост.
- Внимавајте! Ќе ви кажам кој нема да влезе во џехенем: некој кој е благ.
- Со благоста човекот може да го постигне степенот на оној кој пости дење, а клања ноќе.
- Кој нема благост, тој нема ни среќа.

Сомилост (рахмет)

Исламското учење ги обврзува своите следбеници во врска со сомилоста, сочувството, сожалувањето спрема останатите браќа муслимани и луѓето воопшто. Аллах џ.ш. во Курани-керим, спомнувајќи ги и објаснувајќи ги постапките кои Он ги цени, вели: "... и кои трпеливост препорачуваат еднинадруги и кои милост препорачуваат едни на други" (Белед, 17)
Мухамед а.с. во повеќе свои хадиси-шерифи го опишал ова својство, јасно укажал на неговата вредност, цена и потреба. Еве неколку такви хадиси:

- Кој не е сомилосен спрема другите, ни другите нема да бидат сомилосни кон него. (Сахиху-л-Бухари, св. 4, хадис бр. 1461)
- Кој не е милостив спрема другите, нема да се биде милостив и со него; кој не простува нема да му биде простено; кој не прима покајување и неговото покајување нема да биде примено. (Бинбир хадис бр. 885)

Тука ќе спомнеме уште еден карактеристичен пример. Во него јасно се гледа дека исламското учење многу повеќе ја почитува суштината во форма, намерата одколку резултатите или последиците. Заради големата вредностќе го спомнеме овој детал од животот на Пејгамберот во целост, а го презедовме од делото "Мухамед а.с." од големиот научник Мухамед Хамидуллах, во провод на редакција на Наркез Смаилагиќ, загреб 1977 година. стр. 336.

" Еден ден Мухамед им рекол на своите следбеници дека на Судниот ден ќе дојдат тројца пред Бога. Еден од нив ќе рече: Боже, целиот свој живот, го минав во молитва, пост, хаџџ и работење се што пропиша. Бог ќе рече: Не, сето тоа ти го правеше само да се стекнеш со глас побожен човек, и со таков глас уживаше, чувари на огнот, фрлетего во џехеннем. Другиот ќе рече: Боже, ги изучував верските науки и ширејќија вистинската смисла на Твојата вера. Бог ќе рече: Не, тоа го правеше само за да се стекнеш со гласот научник, а го постигна тоа кај луѓето; чувари на огнот, фрлетего во џехеннем. Tретиот ќе се потпре на својата голема храброст и во своите војни и ќе рече дека во нив го поминал целиот свој живот, и умрел како маченик. Неговата цел била само за да се стекне со гласот за храбар и издржлив човек меѓу луѓето. Тоа и го постигнал, а на последниот суд Бог ќе нареди да го фрлат во џехеннем.
Меѓутоа на тој ден, рече Мухамед, ќе дојде пред Бог и една проститутка. Таа целиот свој живот го поминала во грев и никогаш никому не неправила добро. Нејзината позиција ќе изледа безнадежна, но Бог ќе рече: Не е така,на тој и тој топол ден си била кај бунар покрај кој што беше едно куче умирало од жед, бидејќи не можело да дојде до водата; немаше ветер, ти се сожали ја собу убувката, здолништето го врза со конец и му ја угасни жедта на тоа куче; чувари на џеннетот, однесетеја оваа жена во џеннет".

Ова е кажување со кое сакавме да укажеме колкава вредност поседува својството сомилост кај Аллах џ.ш. Ако се знае, ако постојано се има на ум дека блудот е еден од најголемите гревови и дека Куранот најстрого го забранува, и дека оној кој го прави тоа треба да се казни под одредени услови, па дури и со смрт, тогаш лесно е да се сфати колкава е вредност е да се поседува својството на сомилост. Казните поради овој тежо греф се драстични , зошто и опасноста од овој грев е голема.

Простување на нанесените гревови

Простувањето, всушност, е непосреден доказ за моралната сила. Способноста на простувањето во суштина произлегува од стрпливоста, тоа е плод на сабур. Аллах џ.ш. на многу места во Курани-керим ни укажува на ова благородно својство, ја означува неговата убавина и вредност. Со оваа длабока и хумана особина можат да се усогласат и најголемите неспоразуми; со неа можат да се преместат и најтешките пречки. Човекот навистина мора да и се воодушува на оваа Божја мудрост која во себе му донесува право и на оној кому се простува и на оној кој простува.
Еве само неколку примери:

"Ако го обелоденувате доброто или ако криете или простувате за некое лошо дело- та Аллах, навистина, е Помилувач и Кадар! (Ен-Ниса, 148)

"... иако одкажувањето е поблиску до богобојазливоста. И не заборавате на добрините едни кон други! Аллах, навистина, го гледа она што го работете! (Бекаре, 237)

"Нека не се колнат добродушните меѓу вас и богатите дека нема да им помагаат на роднините, на сиромасите и на иселиениците од Аллаховиот пат... Нека им простат и нека поминат преку тоа! Зар не посакувате Аллах да ви прости? Аллах е Простувач и Сомилосен! (Ен-Нур, 22)

За ова својство Мухамед а.с. меѓу другото рекол:

- Простувањето е својство на Аллах и тој го сака простувањето.
- Просутувајте на други - ќе ви се простува вам!

Сите образовани луѓе - а посебо муслиманите - многу добро ги знаат неделата кои ги правеле многубошците на последниот Божји Пејгамбер, ги знаат страдањата на кои бил изложен самиот Мухамд а.с. И не само тој, туку и сите кои го прифатиле Исламот. И токму тогаш, кога тие страдања го постигнале врвот, кога на Пејгамберот и неговите следбеници им станало неподносливо, токму тогаш Божјот Пејгамбер рекол: "О мој Боже, прости му на мојот народ, бидејќи тие навистина не знаат".
Завршувајќи го излегувањето за простување, ќе спомнеме еден сосема стар, но убав обичај кој постоел меѓу муслиманите. Тој и ден денес се применува во многу средини и ние сакаме само да потсетиме на него. За овој прекрасен благороден чин на простување, многу често се користеле исламски празници: бајрам, а посебно рамазан. Тогаш муслиманите меѓусебно се помирувале и простувале едни на други великодушно за нанесените навреди.
Na vrh Go down
Ehli_Sunna_Sister
Admin
Ehli_Sunna_Sister


Број на мислења : 136
Points : 388
Reputation : 2
Join date : 2010-05-24

AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI) Empty
KomentarNaslov komentara: Re: AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI)   AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI) Icon_minitimeTue Jun 01, 2010 3:11 pm

АХЛАКИ-ЗЕМИМЕ
ЛОШИ СВОЈСТВА И ОСОБИНИ



НЕГАТИВНИ ПОЈАВИ КОИ СЕ СРЕЌАВААТ ЧЕСТО

Во овој дел ке зборуваме за лоши работи и особини, односно за аклахи-земиме.
За исправна ориентација за овој минлив живот, за исправната извесност на делата и појавите кои можат да му се случат на муслиманот, многу е важно да се знае и она што е не пожелно според исламското учење, она што е осудено, забрането, со еден збор негативно. Знаејќи што забранува Исламот, човекот доаѓа во состојба да се чува од такви својства, а ако веќе ги поседува, настојува да се ослободи од нив и така да го постигне оној, за муслиманите, неопходен степен на чистота на својата душа и срце. Во една прилика хазрети Алија р.с. рекол: "Јас го учам и она што е негативно, но не со цел да го правам тоа, туку да го избегнам, и да се борам против тоа".
Во Курани-керим се зборува за ова многу поубаво во поглавје Шу'ара, кога Ибрахим а.с. му се обрати на Возвишениот Аллах џ.ш.:

"...и не срамоти ме на Денот на оживувањето, на Денот во кој нема да користат ниту имотот ниту синовите, освен оној кому Аллах му даде здраво срце!"А, кон богобојазливите, Џеннетот ке се приближи, а,кон скршнатите во заблуда, Џехеннемтот ке се приближи." ( Шу'ара, 87-91 )


А сега да спомнеме еден ред на негативни особини и својства кои треба да се избегнуваат зошто се во директна спротивност со учењето на возвишениот Ислам:
Празноверие

Верникот мора да знае да разликува што е празноверие, а што е исламско верување. Секој образован верник знае да го разликува тоа, зашто се она што не е потврдено со Куран, Хадис или науката, тоа за нас, муслиманите, е празноверие. Така на пример приказните за волшебни работи, дека не треба во вторник да се пере и сл. се тоа се празноверија од кои мораме да се чуваме, зашто немаат ништо заедничко со Исламот.
Празноверието е последица на незнаењето, слабото и не исправното верување, каприц или потценување. Кој ќе го потцени она во што сме задолжени да веруваме и да го почитуваме, го губи статусот на муслиман и ќе остане таков се додека своето срце не го очисти. На пример кој клања без абдест, кој намерно ја напушта должноста, има некои кои тврдат дека е халал она што го осудува здравиот разум (блуд, насилство, убивање и сл.).
Кој сака Алалх да го сочува од куфр, нека ја цитира оваа дова:" аллахумме инна неузу бике ен нушрике бике шеј'ен на'лемуху". Муххамед а.с. препорачувал оваа дова да се цитира секој ден по три пат.

Бид'ати (новини во верувањто)

Бидејќи во секојдневниот живот често се среќаваме со разни новини кои во суштина се спротивни на исламското учење, тука ке се задржиме на оние кои се најчести, потпирајќи се при тоа, разбирливо, на Курани-керим и хадиси-шериф.
Муххамед а.с во една прилика рекол:"Секоја новина во верувањето е застранување, а секое застранување води во Џеххенем".
Новините во верувањето се мошне опасни, се работи за зло кое Пејгамберот го осудил и забранил.
Денес постојат многу новини во верувањето. Ние тука ќе спомнеме некои од нив, кои се актуелни, кои се устапиле и во муслиманската средина.

Јадењето месо кое не е заклано со Бисмилла. Аллах џ.ш. тоа строго го забранил со следниве зборови:

"И не јадете од она при чие колење не е спомнато името на Аллах.Тоа, навистина, е грев. А шејтаните, пак, ги тераат своите заштитници да се расправаат со вас. Ако им бидете послушни, тогаш, вие, навистина, ке бидете многубошци."( Ел-Ен'ам, 121 )

Потоа Муххамед а.с. одобрил јадење месо кое е заклано од страна на еднобожец, христијанин, односно оној кој не е многу божец.

Дозволување на сопствените жени и ќерки разголени,гологлави и лесно облечени, намирисани и нашминкани да се изложуваат на погледите на мажите.
На тој начин тие грешат двојно:прво се изложуваат себеси, и второ, ги доведуваат до искушение мажите, ги наведуваат на грешни мисли и идеи. Муххамед а.с. рекол: "Кога жената ке се намириса па ке помине покрај маж ( а со тоа на себе ке го сврти своето внимание),таа е грешна како и секоја невоспитана жена".
Жените денес одат во џемаат не пристојно облечени и намирисани. Одат во џемаат со желба да заработат награда ( севаб ), а со таквата постапка грешат.

Оддавање на разни игри, било штетни и забранети, било на оние со кои се "убива времето"

Изоставање на намазот, а знаеме дека без намаз немат вистинско верување.

Напустање на исправното клањање на намазот ( ма’дили еркан ), без што нема беспрекорен намаз.

Напуштање на редовно посетување на џамија и месидот. Денес има многу муслимани кои даваат садака ( зекаат, садакатул-фитр и др.), ги помагаат џамиите со добро волни прилози, но не ги посетуваат, не одат да клањат во џамија, а не ги изврсуваат ни другите верски должности.

Занемарување на постот

Употреба на алхохол.Муххамед а.с. рекол: ”Кој пие алхохол ке дојде кај Аллах на Судниот ден жеден “. Во една друга прилика рекол:”Алалх нема да му го прими намазат на оној кој пие алхохол 40 дена”. ( Џамиус-сагир, џиз 2. стр 147 ).Ќе биде биде поучно да наведеме уште еден хадиси-шериф, кој, веројатно, ќе изненади многу муслимани.Тој хадиси-шериф гласи: ”Четворица нема да го почуствуваат џеннетскиот мирис иако тој се чуствува многу далеку: оној кој е скржав, кој приговара за направеното добро, и редовно пие алхохл и оној кој не е покорен на своите родители”. На сите им е позната изреката на Пенгамберот дека алхохолот е мајка на секое зло.
Ебу-л-Лејс ес-Семерканди, во своето дело “ Тенбиху-л- гафилнин ” за алхохолот го вели следново:” Чувајтесе од алхохол зошто тој содржи многу ствојства штетни за човекот ”.

- кој ќе се напие, тој не се однесува нормално, а често е предмет на исмејување и изигрување;
- пијаницата го упропастува својот имот, страда и ја упропастува својата фамилија, тешко заработените пари ги троши лесно и залудно;
- пијанството е честа причина за кавга меѓу блиски пријатели, дури и меѓу браќа алхохолот често пати е причина за убиство;
- пиајните луѓе ги пропуштаат намазите, зикрот и уште многу друго што е корисно за овој и за оној свет;
- пијан човек лесно ќе навреди. Тој и кон сопствената жена ке направи такви гестови кои, не ретко, го наулираат нивниот брак, а за тоа не е ни свесен. Пијан човек лесно ке изврши секаква престап и грешки без размислување;
- казна за пијан е јавно удирање 80 камшици. Кој ке ја избегне на овој свет, ќе ја добие на Судниот ден и тоа пред лицето на сите луѓе. Посебна опасност претставува: "смрт без иман".

Оној кој ке продолжи да пие и покрај ова сознание, може да биде сигурен дека во неговото верување нешто не е во ред. Зашто оној кој исправно и цврсто верува сигурно ќе престане да пие алхохол. На крај треба да се истекне дека науката денес, а медицината посебно, целосно го осудува пиењето алхохолни пијалоци. Има некои посебни земји во кои конзимирањето на алхохол е дури забрането со закон. Зарем треба да се каже уште нешто за штетноста на алхохолот?

Напуштање на родителите. Ова, за жал, е се почеста појава во денешно време. А напуштање на родителите значи напуштање на овосветската и ахиретската среќа. Често се случува жената да биде причина синот, односно нејзиниот маж, да ги напушти и занамери своите родители. Пејганберот рекол:" Проклетството на Аллах е врз оној кој ке ги раздели родителите од нивните деца и братот брат" ( Џамиус-сагир, џуз 2, стр 106 ).
На ретко изнемоштените и стари родители се сместаат во старачки домови, иако имаат деца, често и добро ситуирани.Ова е тешка страмота за тие деца во очите на секој чесен човек.
Од колкава важност е љубовта и почитта кон родителите, добро се гледа и од поднасловот " Љубов кон Муххамед а.с." во првиот дел од оваа публикација.

Брачно патување. Тоа денес претставува усталена практика. Еден муслиман брачен пар треба добро да размисли дали да го прави тоа; доколку се одлучи за такво нешто, треба да размисли каде и како ќе отпатува.Топлината и интимноста на сопствениот дом не може да ја замени никаков друг амбијент.

Митирање во облекување, освен во оправдани случаеви. За ова Муххамед а.с. рекол: "Аллах го проколнал мажот кој облекува женска облека и жената која облекува машка облека" ( Џамиус-сагир, џуз 2, стр. 105 ). Можеби ова би можело да се однесува и на жени кои носат кратка, односно мажи кои носат долга коса.

Бричење на брада и мустаќи. Како што косата е украс на жената така и ова е украс на мажот. Муххамед а.с рекол: "Скратувајте ги мустаќите, а пуштетеа брадата" ( Џамиус-сагир, стр 11 ). Денес меѓутоа, мнозината мажи ги бричат и брадата и мустаќите и така ги поддржуваат новитетите кои се во спротивност со горе спомнатите хадиси-шериф. Што е уште полошо, тоа го прават и оние на кои брадата и мустаќите им се побелени.
Како уште една посебност денес во која се среќаваат особено младите муслимани, кои пуштаат брада и мустаќи, е и тоа што тие во општо не ги уредуваат мустаќите и косата. Често може да се слушне дека сопругата му забранува на мажот да пушти брада и мустаќи. Треба да се размисли за тоа дали е поважно да се внимава на ќефот на жената или да се занемари суннетот на Пејганберот.

Напуштање на верските должности и трка на материјалана добра. Муххамед а.с. вели: "Проклет е оној кој им робува на парите!" (Џамиус-сагир стр 106)

Напуштање на читањето на Курани-керим.Ова е не измерна благодат достапна за секој муслиман. Муххамед а.с. за тоа вели:

- Читањето на Куранот спаѓа во најдобри дела.
- Куранот е извор на богатството и задоволство кое не може да се постигне без негово читање.
- Кој пожелува да го сакаат Алалх и неговиот Пејгамбер, нека чита Куран гледајќи.
- Кој ке го научи Куранот и ќе поучува други спаѓа во група на најдобри луѓе.
- Кој ке чита Куран на Судниот ден на неговите родители ќе се стави круна на главата, чија светлина е посилна од светлината на сонцето на овој свет.

По овие зборови на пејганберот не ни останува ништо друго освен да научиме- а особено да ги поучуваме нашите деца - да читаат Куран, и што повеќе слободно време да посветуваме за запознавање и изучување на нашата вера Ислам.

Напуштање на исламскиот поздрав, селам, меѓу муслиманите, а прифаќање неисламски селам.Селамот е потребен и добредојден на секое место. Подобар селам од него ни имало ниту ќе има. Тој е дова и спас за оној кој редовно го употребува. Селам е и џеннетски поздрав. Тоа е видливо на повеќе места во Курани-керим.

Наупштање на зукруллах. Зукруллах - често и искрено спомнување и величење на Возвишениот Аллах претставува посебен вид на ибадет. За разлика од задолжените намази врзани за одредено време (вактови), зикрот не е врзан за време.Човекот може да прави ибадет на секое место и во секое време.

Запоставување на клањање намаз во џемаат. Џамиите и месџидите ни се празни. Посебно има малку посетители за петте дневни намази. Кој е спречен со работа и не може редовно да влезе во џамија и да се клања во џемаат, нека клања дома во џемаат со членовите на своето семејство, па дури и со самата сопруга. Да се напушта џемаатот без некоја посебна причина е мекрух.

Учествување на жени и девојки на разни немуслимански свечености.

Со оваа новина тие му се спротиставуваат на исламското учење и прописи, бидејќи, меѓу другото, ги прават следниве прекршоци:

- се појавуваат често пати не пристојо облечени и не исламски; се мешаат со мажи;
- привлекуваат внимание на себе од страна на мажите;
- не ги клањаат намазите;
- ја запоставуваат обврската на мајка и домаќинка итн.

Одговорност за ова ке понесет нивните сопризи и бабовци кои им го дозволуваат тоа.

Претерување и луксуз. Тоа е честа појава денес иако Аллах џ.ш. не ги сака оние сто претеруваат. Поради претерување, поради желба за луксуз, луѓето немаат ни мир ни одмор: стремат кон заработка за да ги покријат големите трошкови и често не водат сметка ни за своите најмили, дури ни за сопственото здравје, ги пропустаат разните верски должности, посебно намазите. А "Намазот е столб на верата". Се занемарува штедењето кое се пропорачува секаде и кое е голема ризница, се губат обцирите и се повеќе се робува на пари и заработка.

Непридружување до договори, советувања и наредувања да се праби добро. Муххамед а.с. рекол: "Kој ке види некакво лошо дело нека го спречи со своето делување, ако не може, тогаш нека го спречи со својот збор, а ако и тоа не може, тогаш со срцето, а тоа е најслаб иман". ( Џамиус-сагир, стр. 145 )

Давање не муслимански имиња. За жал денес се среќаваме и со оваа појава. Некои родители, често поради не знаење, на децата им даваат не муслимански имиња и со тоа им прават голема неправда. Наидуваме и на чудни, некои нови имиња, кој по свои облик личат на муслимански, но во сиштина не се муслимански имиња. За оваа појава самите сме криви, зашто никој од нас не ја осудува таквата постапка.

Симнување од ѕидови левхи а ставање слики, често обични и без никаква вредност.
Како да наведеме некоја нова мода во нашите станови кои се, според оценката на најповикани стручњнаци, најпријатни станови.

Славење разни настани и годишнини. Често се среќаваме со појава многу слабо или воопшто да не се слават бајрамски празници, мубарек вечери и денови, но за тоа редовно се слават родендени, годишнини на бракот, Нова година и сл. Занемарување на споствени празници претставува наш срам. Тука ќе спомнам еден хадис на Пејгамберот а.с.: "Се колнам во Алалх, кога вие би го знаеле она јас што го знам, малку би се смееле, а многу би плачеле и навистина храната и напитокот не ви би биле слатки". (Џамиус-сагир, џуз 2 стр 110)

Гатање

Покрај празноверието и новините во верувањето може да се вклучи и гатањето.
Веројатно не постои ниедно општество и ниедно време во историјата, а да немале луѓе кои гатале и кои барале да им се гата. Исто така не постои ниедна религија која е толку против гатањето како што е тоа случајот со Исламот. Исламското учење го третира гатањето како големо зло, строго го забранува и го става на исто место како и алкохолот, коцката, обожавање идоли и др.
Мухаммед а.с. за гатањето го рекол следново: "Гатањето е многубоштво" (Џемиус-сагир, стр.18)

Брзање во животот

Брзањето е осудена особина и во дуњалучките и во ахиретските работи.
Покрај секоја работа, пред секоја постапка треба да се помисли на мо жната последица и така да се сочува од каење. "Брзањето е шејтанска работа" вели една арапска мудра изрека. Сатаната не сакал да падне на сеџде пред Адем а.с. поради што е осуден на вечно проклетство. Да помислел на последицата на својата непослушност и вообразеност, не би му се спротиставил на Аллах џ.ш.
Брзањето во ибадетот е голем грев. Кој ќе испушти некој намазки рукн (услов) или не го изврши како што треба, тој намаз не му се смета исправен. Кога луѓето малку повеќе би размислувале за намазот, би заклучиле дека треба да се изврши малку подостоинствено отколку што го извршуваат, зошто во намазот дирекно му се обраќаме на Аллах џ.ш. и Он не гледа.
Поради брзање луѓето го запоставуваат и она што не би смееле да го запостават. Многу луѓе ги губат пријателите, роднините, многу зборуваат на најосновните обврски. Децата на оние кои се зафатени со трчањето поради овоземските добра се занемарени и се развиваат во несакана насока. Тие исти луѓе би дале богатство да не се случело тоа со нивните најмили, но обично е доцна за такво нешто. Примери имаме на секој чекор.

Збрка

Посебно зло во животот, како последица на широката заедница, претставува ширење неред, збрка. Сите сме сведоци барем на неколку немили настани од сопственото минато кои се само последица на збрка. Луѓето наклонети кон неред не би смееле да уживаат ничија доверба. Тоа се навистина негативни луѓе, нивната свест - доколку воопшто ја имаат - сигурно не е чиста. Тие постојано се радуваат и уживаат кога ќе видат дека нивната работа има резултати. За таквите луѓе нема вистинска светост. Сите овосветски и ахиретски вредности тие ги потчинуваат на својата пакосна наклонетост.
Но да не се впуштаме во понатамошна анализа и ниту оценка, туку да видиме што вели Аллах џ.ш. во Курани-керим за тоа:

"Збрката е поголем грев од убиството!" (Бекаре 191)
"И чувајтесе особено од сплетките кои ќе ги погодат не само оние меѓу вас кои зло направија. И знајте дека Аллах, навистина, е Силен Казнувач" (Ел-Енфал 25)

Ќе спомнеме еден хадис на Пејгамберот а.с.: "Сплетката спие. Нека биде Аллаховото проклетство врз оној кој ќе ја разбуди!"

Уверени сме дека за нередот, збрката, сплетката, не треба повеќе да се зборува.
Na vrh Go down
Ehli_Sunna_Sister
Admin
Ehli_Sunna_Sister


Број на мислења : 136
Points : 388
Reputation : 2
Join date : 2010-05-24

AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI) Empty
KomentarNaslov komentara: Re: AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI)   AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI) Icon_minitimeTue Jun 01, 2010 3:17 pm

НЕДОЛИЧНИ ЧОВЕЧКИ ОСОБИНИ

Тука ќе изнесеме само неколку својства, неколку особини кои се осудени и недолични за ниеден муслиман според Исламскато учење, особини кои не ги сака Аллах џ.ш. и Неговиот Пејгамбер, па затоа свесниот муслиман мора да ги избегнува.

Вообразеност

Исламот најстрого ја забранува вообразеноста. Таа е харам. Таа кај муслиманот смее да се јави само спреа човекот кој е вообрзен. Мухаммед а.с. рекол: "Во Џеннет нема да влезе оној кој во своето срце има вообразеност колку една трошка". (Ријадис-салихин стр.269)
И Курани-керим најостро ги осудува оние кои поседуваат вообразеност:

"Аллах, навистина, го знае и она што го кријат и она што го обелоденуваат; Он не ги сака вообразените!" (Нахл 23)
"И не вртиго лицето од луѓето, и не оди по земјата гордливо: Аллах, навистина, не го сака ниту гордливиот ниту надуениот." (Лукман 18)

Омраза

Да се мрази без оправдана причина исто така е харам. Меѓутоа ако за омразата постои причина, подобро е да се прости отколку да се мрази. Од омразата потекнуваат многу лоши својства: клевета, потценување, лажење, завидност. Поради омразата човекот ќе ја открие доверената тајна, не ја призава вината, сведочи криво, се радува на туѓо зло. А сите овие особини се негативни и човекот треба добро да се чува од нив. Мухаммед а.с. рекол: "На муслиманот не му е дозволено да го мрази својот брат повеќе од три дена. Кога ќе поминат три дена, нека го сретне и нека му даде селам, па ако го прими селамот двајцата ќе идат наградени, а ако не го прими, гревот останува на оној другиот". "Кој ја носи омразата повеќе од три дена заслужува да влезе во Џехеннем". (Ријадус-салихин стр.168)

Клевета

Клевета исто така е осудена и лоша особина. За жал, клеветата денес е прилично раширена. Неводејќи сметка за последиците, луѓето безобзирно клеветат едни на други. За многу мина тоа претставува уживање, разонода и забава, а за многу дури и фалење. Посебно е жална појава често да се клевети жена или девојка, поради што може да дојде до непровидливи последици. Ваквата постапка Куранот на многу места најостро ја осудува. Ние ќе го спомнеме 23 ајет од Сура Ен-Нур:

"Оние кои ќе ги оптужат жените вернички, кои се чесни, нека бидат проколнати и на овој и на оној свет. Нив ги чека казна болна!"

Лутина

И лутината, без оглед од кои причини, претставува лоша особина. Да се лути на човек, на животно, на нежив створ (камен, дрво и сл.) не е дозволено. А изнад се не е добро да се лути на Аллах џ.ш. "Лутината го уништува иманот". Лутината е дозволена само за злосторник.

Скржавност

За ова погрдно својство Мухаммед а.с. рекол: "Нема да влезе во Џеннет лажго, скржав човек и оној кој озборува". (Џамиус-сагир 177). Во една прилика рекол: "Скржавоста и вистинскиот иман не можат да бидат заедно во човечкото срце".

[b]Дволичност

Покрај она што го подразбираме и го осудуваме под поимот дволичност, овде сакаме да укажеме на она што е најтешко, најдрска дволичност која, поради својата тежина, е посебно остро осудена. Да се работат добри дела поради овосветски интерес, преправање, дволичност, да се искаже пријателство кон некого, а во срцето да се одгледува непријателство, се се тоа видови на различито лицемерие, со различен квалитет и тежина. Но најопасна е дволичноста во ибадетот. Тоа е харам. Кога некој клања за да го видат други, а не клања кога е сам, тој навистина прави нешто тешко. Таквата дволичност се казнува многу жестоко.

Незадоволство

Под овој поим овде не подразбираме безпричинско незадоволство кое денес често се среќава, туку незадоволство спрема Божјите одлуки, спрема Божјите нимети, незадоволство со состојбата која може да ја менува само Аллах џ.ш.. Колку е тоа незадоволство опасно, ќе наведеме само е еден хадиси-кудс: "Кој не е истрплив при Моите искушенија, тој не е благодарен На моите благодати и не е задоволена поради Мојата одредба, нека земи со себе друг Господар" (Ихјау-улум стр.348). Овој хадиси-кудси ни кажува дека Аллах џ.ш. се одалечува од оние кои не се задоволни со неговата одредба, дека се откажува од оние кои не покажуваат стрпливост во невоља.
Вистинскиот муслиман не можат да го поколебаат никакви настани во животот, ни позитивни, ни негативни, ни весели, ни тажни. Вистинскиот муслиман цврсто верува и знае дека се што е над неговите можности доаѓа во воља и одредба на Возвишениот Аллах џ.ш. и затоа се сваќа и прима како Божји дар и подарок и секогаш е задоволен. Аллах џ.ш. во Курани-керим вели:

"Ако бидете благодарни, навистина, ќе ви зголемам од наградата, а ако бидете неблагодарни... па казната моја навистина е жестока!” (Ибрахим 7)

Предавство

Предавството е харам, а да се биде доверлив е ваџиб.
Мухаммед а.с рекол : “Нема вистински иман оној кој не е доверлив, вистински иман нема оној кој не го извршува ветувањето” (Џамиус-сагир џуз 2 стр.171)
Во нашиот народ е добро позната и строго осудена дволичноста. На мунафикот го чека човечки презир на овој и грозна казна на оној свет.

“Известиги дволичните дека, навистина, ги чека казна болна!” (Ниса’ 138)
“Дволичните ќе бидат во огнена бездна.” (Ниса’ 145)
“Аллах, навистина, ќе ги воведе во џехеннем дволичните и неверниците!” (Ниса’ 140)
“Мажите дволични и жените дволични, еднисодруги се: наредуваат зло и одваќаат од добро, а рацете им се стегнати. Забораваат на Аллах, па и Он заборава на нив. Дволичните, навистина, се расипани!” (Тевбе 67)
“За жените дволични и за мажите дволични и за неверниците Аллах има ветено оган џехеннемски во кој за навек ќе останат. Тој за нив е доста. Аллах ги проколнил и има казна постојана за нив!” (Тевбе 68)


Тука ќе спомнеме уште четири својста по кој мунафиците се издвојуваат од останатите луѓе, четири својства кои ни го откриваат мунафикот:

- кога нешто ќе му се довери, тој ќе проневери и ќе изигра доверба;
- кога зборува, лаже;
- кога ветува, не го одржува ветувањето, и
- кога паничи не ја застапува правдата.

Овие четири особини ќе ни помогнат лесно да го препознаеме мунафикот и свесно да го избегнуваме и игнорираме.

Претерување

Претерувањето е исто така строго забрането - харам. Човекот може да претерува на повеќе начини, но овие два се главни:

- да се троши преку мера што било и поради која било причина,
- да се троши таму каде што никако не треба да се троши и каде што нема никаква корист ни за овој ни за оној свет, па макар се работело и за ситници.

А сега да го спомнеме ставот на Куранот за претерување:

“О синови Адемови, кога ќе клањате намаз, облечетесе убаво! Јадете и пијте, но не претерувајте. Аллах, навистина не ги сака претерувачите! (A’раф 31)

Безнадежност

Безнадежноста, губење надеж, посебно во Божјата милост, исто така според Исламот, е погрдно и забрането дело. Зашто милоста на Аллах е безгранична. Аллах џ.ш. во Куранот вели:

“Кажи: - О робови мои кои згрешивте против себе, не губете надеж во милоста на Аллах! Аллах ќе ги прости гревовите. Он, навистина, е Простувач и Сомилосен!” (Зумер 53)

Милоста на Аллах џ.ш. навистина е голема и неисцрпна. Курани-керим не известува дека Возвишениот Аллах џ.ш. го простил повеќегодишното неверување за еден момент на стварно, цврсто и корисно верување, на вистинско верување (случај со фараоновите маѓионичари кои, поради своето непоколебливо верување во господарот на световите и... поради Богот на Муса и Харун, а нималку неплашејќисе пред заканата на фараонот дека ќе ги парчоса и распне на палмини гранки, беа сврстани во пречесен ред на шехиди). Овој вистински настан влева силна надеж, целосно отстранува изгубеност и безнадежност и ни ја нагласува важноста и потребата од каење (тевба).

Истрајност во грешење

Сите ние знаеме дека постојат различни гревови и дека тие се поредени по големината и тежината. Некои Исламски научници ги делат во две главни групи: големи и мали гревови.
Ние тука нема да влегуваме во категоризација на гревовите. Во врска со тоа ќе го спомнеме ставот на признатите Исламски научници, значи ставот на званичното Исламско учење, дека истрајното правење мал грев станува голем грев. За ова мораме да водиме сметка.
Мухаммед а.с. рекол:

“Не е истраен во грешењето оној кој ќе се покае веднаш по направениот грев, па дури тој ист грев да го повтори повеќе пати за еден ден”.

За ова подразбираме дека муслиманот е должен да го признае гревот и веднаш по извршениот грев да се покае цитирајќи теубе-истигфар. Честото каење значи прекорување самиот себе, тоа на крајот ќе доведе до негрешење. А тоа е споредна цел на истигфат. Главна цел е молба на Аллах џ.ш. да прости.

Удоволување на страстите

Удоволувањето на своите барања, поведување за своите страсти, не само дека е штетно и погрдно, туку е опасно и во Курани-керим изрично забрането:

“Не следетеги страстите, па да бидете неправедни!” (Ниса 135)
“Зарем има некој кој повеќе скршнал од оној кој ја следи страста своја, а не упатството на Аллах.” (Касас 50)
"Аллах сака да ви прости, а оние кои се поведуваат по страстите свои, сакаат да застранат од вистинсиот пат!" (Ниса 27)


[b]Злорадост

Сите позитивни учења ја забрануваат злорадоста како ниско и нечовечно својство кое може да потцени, да нанесе бол, да доведе до уште потешки последици. И Исламот строго го осудил ова својство. Тој од своите следбеници бара многу повеќе сочуствителност во болка и несреќа, а злорадоста ја осудува. Пејгамберот а.с. рекол:

"Немој да се радуваш за злото на твојот брат, зошто ако така се однесуваш, Аллах ќе биде Милостив кон него, а тебе ќе ти се случи несреќа" (Мухамед Ариф: "Бинбир хадис" бр.437).

Само во одредени случаи смееме да се радуваме во туѓа невоља: смееме да се радуваме заради несреќата која ќе му се случи на силникот, надевајќи се дека тоа ќе го опамети, па да не прави повеќе насилство и, надевајќи се дена тоа ќе биде поука за други никому да не му прават насилство.

Преценување

Кој се замислува дека е подобар од друг, тој има добар темел за сите гревови, зашто само Аллах џ.ш. знае каков е човекот и каков ќе биде сечиј крај. Значи, ако видеме дека нкој греши, треба да знаеме дека и тој може да се поправи, да стане добар, позитивен и на својата околина корисен човек. Исто така треба да знаме дека и ни, кои се преценуваме, можеме да залутаме па да изгубиме се. Човекот не смее да се меша во одредбите на Аллах џ.ш.

Лажење при купопродажба

Лажење при купопродажба е многу честа појава. Луѓето од петни жили настојуваат што подобро да поминат при продавањето и купувањето. Луѓето премногу ја фалат или кудат стоката, честопати тоа го прават со бесрамно лажење кое никако не му доликува на чесен човек. Исламското учење изрично бара од муслиманот при продажбата да ја каже вистинската состојба, може да се изнесе и она што е позитивно, што оди во прилог, но мора да се каже и она што е негативно, мора да се објасни и недостатокот. Пејгамберот а.с. рекол: "Кој ќе ја прекрие маната при купопродажбата, не е наш вистински следбеник".
Во една друга прилика рекол: "Кој ќе продаде нешто со мана, а не го извести купецот за таа мана, тој е под постојана лутина на Аллах, а и мелеките стално го проколнуваат" (Мухамед Ариф: "Бинбир хадис" бр.346)

Na vrh Go down
Sponsored content





AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI) Empty
KomentarNaslov komentara: Re: AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI)   AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI) Icon_minitime

Na vrh Go down
 
AHLAKI-HAMIDE I AHLAKI ZEMIME (DOBRI I LOSI OSOBINI)
Na vrh 
Stranica 1/1

Permissions in this forum:Ne možete odgovoriti na teme ili komentare u ovom forumu
Ehli.Sunnet.Sisters :: MAKEDONSKI JAZIK-
Idi na: